Иако „Епл“ со сите сили се труди да го задржи во тајност дизајнот на новиот модел
ајфон 8, „Твитер“ е преплавен со фотографии и снимки од неговиот изглед.
Наводно, производството на новиот модел почнува од август, а за септември се планира свечената промоција пред јавноста.
Поранешните шпекулации алудираа на „најголема промена на дизајнот досега“, а се чини дека тоа не е далеку од вистината.
Имено, екранот ќе ја покрива целата предна страна на апаратот, а изгледот на камерата исто така се разликува од претходните модели.
Погледнете и сами: