X
 04.08.2017 Живот

Министерството за труд и социјална политика објави огласи за вработување стручни кадри во центрите за социјална работа низ државата

Со цел да се зајакнат капацитетите на центрите за социјална работа во Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика известува дека се објавени огласи за вработување социјални работници и друг неопходен стручен кадар во наведените ЦСР:

1. Центaрoт за социјална работа во Скопје има распишано јавен оглас за 6 социјални работници;
2. Центaрoт за социјална работа во Кратово има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
3. Центaрoт за социјална работа во Кавадарци има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
4. . Центaрoт за социјална работа во Куманово има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;
5. Центaрoт за социјална работа во Радовиш има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 педагог;
6. Центaрoт за социјална работа во Штип има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 психолог;
7. Центaрoт за социјална работа во Тетово има распишано јавен оглас за 1педагог;
8. Центaрoт за социјална работа во Гостивар  има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
9. Центaрoт за социјална работа во Битола има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;
10. Центaрoт за социјална работа во Струмица има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 психолог;
11. Центaрoт за социјална работа во Свети Николе има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
12. Центaрoт за социјална работа во Дебар има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
13. Центaрoт за социјална работа во Неготино има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;
14. Центaрoт за социјална работа во Крива Паланка има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;
15. Центaрoт за социјална работа во Делчево има распишано јавен оглас за 1 социјален работник.

Ова е првата фаза од планираните вработувања на вкупно 60 социјални работници во наредниот период.
Огласите се објавени во дневните весници Слободен печат и Коха.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот