X
 05.08.2017 Култура

Сѐ повеќе Норвежани се од мешани бракови, сограѓаните се чудат на нивниот изглед

Над 200.000 луѓе во Норвешка имаат еден родител-Норвежанец и еден што не е од државата, според податоците за почетокот на 2017 година

норвешка
Фото: Jon Olav Nesvold / NTB scanpix

 Данците и Швеѓаните се најчестите националности, а по нив следуваат Британците и Американците. Филипинците, пак, стојат највисоко од незападноевропските земји.

Норвежаните со мешано потекло често искусуваат реакции базирани на нестереотипниот изглед. Ним често им се поставувани прашања од типот од каде всушност потекнуваат.

Руни Берглунд Стин, директор на Норвешкиот центар против расизам, изјавил за медиумите дека нема промена во појавата на расизмот во земјата.

„Гледам две страни. Многу од нас имаат смирен поглед на мултикултурното општество, а други реагираат со страв или паника. Многумина мислат дека општествените промени се природни, а други не мислат“, вели тој.

Еден од најважните аспекти, нешто што е валоризирано од работодавците, е течното разбирање на повеќе од еден јазик.

Тоа дава можност да се разберат работите што се случуваат во другите земји. Не само што мора да имате повеќе ресурси, туку и треба истите да ги искористите преку јазикот.

Имањето еден родител од Норвешка го прави животот во земјата полесен затоа што како што ќе растат, децата полесно ќе ги разбираат норвешкиот систем, властите и правата.

„Не е неопходно да се верува дека е подобро да се има и Норвежанец и странец за родител, но секојдневниот живот е олеснат ако таткото или мајката е од Норвешка. Многу нешта треба да се знаат. Не секој знае како да ги облекува децата во зима или која е најздрава храна. Норвешките родители не знаат сѐ, но барем растеле со овие нешта и знаат што се очекува во однос на нивните деца“, изјавува Мона-Ирен Хауџ од Институтот за психологија на Универзитетот во Осло за весникот „Дагсависен“.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура