Дали некогаш сте размислувале колку калории може да потрошите со кликање по компјутерскиот глушец? Одговорот на прашањето го има новинарот на веб-страницата „Вајерд“, Рет Алејн, кој сакал да го истражи податокот дека со секој клик се согорува по една калорија. Но, вистината е многу поразлична.
Со оглед на тоа дека калоријата е всушност единица енергија, бројот на потрошени калории може да се пресмета со формулата W=Fs, која вели дека работата извршена на објектот е еднаква на производот од силата и преместувањето, односно во овој случај оддалеченоста помеѓу прстот и глушецот.
Добиената единица е изразена во џули, па е неопходно да се претвори во калории. Рет пресметал дека со еден клик на глушецот се извршува работа од 0.0005 џули, а тоа е 0.0000001 калории. Тоа значи дека за да потрошиме една калорија, потребно е да
кликнеме на глушецот 10 милиони пати.
Ако успееме во една секунда да кликнеме десет пати, би ни биле потребни 11,5 дена за да потрошиме една калорија. Неверојатно нели?