X
 07.08.2017 Технологија

Денес од нив сме зависни, а пред 10 години не ни постоеле

Последната деценија го промени светот кој до тогаш го познававме и ни донесе изуми без кои сега не можеме да го замислиме животот. Ова е листа на апликации и технолошки новитети:


„Окулус“ (3 години)

„Кикстартер“ во 2012 година му помогнал на Палмер Лаки да за почне со креирање на оваа технологија, а потоа во 2014 „Окулус“ е продаден на „Фејсбук“ за 2 милијарди долари.

„Снепчет“ (6 години)

Кога излегол во летото 2011, „Снепчет“ - от носел име „Пиктабу“, но потоа името било променето, а и духот кој е лого на програмата има има – Гоустфејс Чила.

„Ајпад“ (7 години)

Стив Џобс, во јануари 2010 година, „Ајпадот“ го опишал како искуство за сурфање кое е подобро од лап топ и мобилен телефон.

„Инстаграм“ (3 години)

Уште првиот ден од своето постоење, апликацијата привлече повеќе од 25 илјади корисници. А во 2014 година, Марк Цукерберг го купи „Инстаграм“ за милијарда долари.

„4Г“ (7 години)

Постои од март 2010 година кога „Спринт“ го претстави првиот „HTC“ телефон со ваква мрежа.

„Пинтерест“ (7 години)

Настанал во март 2010, а денес има повеќе од 175 милиони активни корисници месечно.

„Кикстартер“ (7 години)

Постои од април 2009 година и до денес е користен од повеќе од 13 милиони луѓе.

„Ватс ап“ (8 години)

Стана хит во 2009 година, посебно во земјите каде што луѓето често пишуваат смс пораки.

„Убер“ (8 години)

Настанал во март 2009 година, како сервис кој нуди превоз, а потоа следуваше брз развој.

“Ер бнб“ (9 години)

Иако идејата настанала во 2007, креаторите потрошиле нешто помалку од година дена за реализација на идејата. Била скромна веб страница каде што луѓето поставувале огласи, а сега е една од најпрофитабилните програми.

„Гугл Хром“ (9 години)

Претсавен на 1 септември 2008 година. Компанијата истакнала дека сака да објави брз и едноставен пребарувач.

„Спотифај“ (9 години)

Излезе во 2007 година, а потоа креаторите потпишале договор со бројни компании.

„Андроид“ (10 години)

Оперативниот систем претставен е во ноември 2007 година.
Android (deset godina)

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија