X
 09.08.2017 Технологија

Која земја од поранешна Југославија има најбрз интернет и на кое место сме ние?

internet
Фото: Тhinkstock

Најбрз интернет на светот има Сингапур, најбавен Јемен, додека Македонија се најде на 59-то место, од листата на која се најдоа 189 земји, покажува новото истражување.

Интересно е тоа што сите земји од поранешна Југославија имаат побрз интернет од Црна Гора. Словенија е најдобро пласирана земја од поранешна Југославија и се наоѓа на 25-то место. После неа следува Хрватска на 40-то, Србија на 41-то, Македонија на 59-то и Босна и Херцеговина на 61-то место.

Албанија е единствена земја од соседството која е послабо рангирана од Црна Гора и се наоѓа на 78-то место.

Во текот на 12 месеци, од 10 мај, оваа година ширум светот се спроведени повеќе од 63 милиони тестирања за брзината на интернетот.

Преземањето на филм од 7,5 гигабајти во Јемен, земјата што е последна на листата со просечна брзина од 0,34 мегабајти, би траело повеќе од два дена.

Шведска, Тајван, Данска, Холандија и Летонија имаат просечна брзина повисока од 30 мегабајти, што британската регулаторна агенција за телекомуникации „Ofcom“ го дефинира како супер-брзина.

Истовремено, 139 земји имаат просечна брзина на интернетот под 10 мегабајти, што според „Ofcom“, е минимална брзина што може да одговори на потребите на едно семејство.

Земјите со најбрз интернет воглавно се од Европа и Азија додека во Африка повеќе од половина земја има доста слаби перформанси.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија