X
 10.08.2017 Живот

Ден во природа: научете го детето да ја пресмета староста на дрвјата


Девојче во трева со цвеќиња во рацете
(Фото: Pixabay)


Кога бевме деца, сите се обидувавме да ја дознаеме староста на пресечените дрва, броејќи ги годовите, чудејќи се како е можно тие трупови да имаат многу повеќе години од нас самите. Сепак, се обложуваме дека никој не знае како се оценуваат годините на едно непресечено дрво.

Постои начин и за тоа.

Потребно е:

* дрво
* шивачки метар
* маркер
* молив
* хартија
* помошник

Постапка:

1. За почеток, заедно со детето пронајдете дрво кое е високо барем колку еден возрасен човек. Кажете му на детето да го обвитка метарот околу најширокиот дел на стеблото. За ова сигурно ќе му треба и ваша помош. Запишете го обемот на хартија.

2. Пресметајте го обемот во инчи (еден сантиметар изнесува 0,393700787 инчи).

3. Обемот на стеблото изразен во инчи всушност е многу блиску до приближниот број на години на дрвото!

Во секој случај, можете заедно со вашето дете уште утре да заминете во најблискиот парк, „вооружени“ со метар, хартија и молив, за да проверите која всушност е вистинската старост на паркот...
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот