X
 11.08.2017 Култура

Канцеларии од 5 милијарди долари, а вработените не сакаат ни да влезат во нив

епл
Фото: Printscreen/YouTube

Дел од вработените на „Епл“, меѓу кои и неколку високо позиционирани директори, отворено покажале незадоволство поради тоа што мораат да работат во отворена канцеларија.

„Епл“ на планирањето и изградбата на „Епл парк“ работи повеќе од шест години. Освен уредот и конференциските сали, на повеќе од 9.000 квадратни метри се наоѓаат и фитнес и велнес-центар и многу други работи.

Се трошело на многу работи, освен на внимателно дизајнирање на просторот за работа.

Истакнатиот поткастер и блогер Џон Грубер ги пренесува информациите за тоа како некои високо позиционирани директори на компанијата се незадоволни затоа што мора да работат во отворени простори наместо во затворени канцеларии.

Некои од нив наводно инсистирале на простор надвор од главната зграда, изградена во форма на вселенски брод.

Помеѓу незадоволните е и потпретседател на „Епл“, Џони Сруџи, кој го предводи одделот за изработка на чипови и кој заедно со тимот изградил сопствена зграда надвор од кампусот.

На презентацијата на новото седиште, „Епл“ изјави дека инсистирале канцелариите да бидат отворени со цел да се поттикне соработка меѓу тимовите. Но тоа не се однесува на шефовите, вклучувајќи го и главниот директор Тим Кук, кој има своја канцеларија на четвртиот кат на новото седиште.

Првите вработени веќе се преселиле во „Епл парк“. Секоја недела пристигнуваат по 500 вработени. Преселувањето треба да биде завршено до крајот на годинава.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура