X
 14.08.2017 Живот

Анкета: Кое е најнепристојното прашање што сте го добиле на интервју за работа?

Не спиете со денови, нервозни сте, го чекате денот со закажаниот термин за интервју за работа. Сте ги простудирале најсветлите моменти на компанијата, најголемите премрежиња и проблеми и сте пронашле генијално решение. Станувате наутро, сте отспале одвај половина час, се туширате, пиете кафе, пиете уште едно кафе, не ви се појадува оти желудникот ви е во грлото. Облеката е веќе подготвена од претходната ноќ, се облекувате, си фрлате еден убедлив поглед во огледалото дека „ќе растурите“ пред идните шефови.

Доаѓа и тој момент. Тишина, сите членови на комисијата го разгледуваат вашето CV и наеднаш излетува прашањето: Дали би ги соблекле чевлите да видиме дали имате „компир“ на чорапот? Или, дали имате болни месечни циклуси? Дали би потпишале договор со кој ќе се обврзете дека во наредните пет години нема да основате семејство?


Подготвил: В.И.И.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот