X
 17.08.2017 Технологија

Заштитете ги децата од вознемирувачки и лажни цртани „Пепа Пиг“ на „Јутјуб“

пепа
Фото: Printscreen/YouTube

„Пепа Пиг“ е цртан што е неверојатно популарен меѓу малите деца. Децата ја обожаваат Пепа, како и опсесијата на Џорџ со г. Диносаурус. И лесен е за пребарување. Само напишете „Peppa Pig“ и ќе ви излезат илјадници епизоди од овој цртан.

Но експертите за безбедност на интернет предупредуваат дека овој метод на пребарување и не е баш најдобар. Истрагата покажа дека илјадници видеа на „Јутјуб“ содржат насилни и вознемирувачки содржини, претставувајќи се како легитимните ликови на Пепа.

„Пепа Пиг“ не е единственото шоу што е популарно меѓу децата и е агресивно фалсификувано, меѓутоа, бидејќи не е достапно преку стандардна претплата на некој канал, голем дел од родителите целосните епизоди ги бараат на „Јутјуб“. Тука лежи несигурноста. Лажната верзија на Пепа е вистински кошмар. Во лажното видео Пепа од розова се претвора во зелена. Ја исмејува еден стоматолог со огромна игла и страшни алатки. Друго видео покажува како Пепа и пријателка ја палат куќата додека некој е внатре. Друг клип прикажува две „гангстерски свињи“ додека пушат цигари и користат ножеви и пиштоли.

Вистински кошмар

Клејтон Остлер, главен продуцент за софтвер за заштита на родителска контрола наречен „Нет Нени“, вели дека и покрај тоа што технологијата се подобри во откривањето видеосодржини полни со тероризам, насилство и порнографија, сепак цртаните се далеку назад. Еве што родителите предлагаат да направите за вашите деца да бидат безбедни.

2
Фото: Printscreen/YouTube

Пуштете ги сите филтри


Започнете со големите - користете „Јутјуб кидс“, што филтрира содржина. Вклучете „Сејф срч“. Но дури и со овие заштитни мерки, Остер вели дека лажните цртани може да се појават. Кога пребарувате, изберете видеа од доверливи канали, како што е официјалната јутјуб-страница на „Дизни“ или на „Пепа Пиг“. Софтверот за родителска контрола „Нет Нени“ може да користи филтри за скенирање на целата страница каде што се појавува видеото, вклучувајќи ги и коментарите. Значи, ако коментарите на видеото наведуваат дека видеото од Пепа Пиг е насилно и вознемирувачко, филтерот треба да го детектира тоа.

„Како родител, не заборавајте да коментирате кога ќе ги видите овие видеа за да можете да ги предупредите другите родители, за и тие да ги пријавуваат овие видеа како насилни и одвратни“, вели Остлер.

Направете плеј-листа


За понатамошна заштита, Остлер вели дека родителите можат да направат пелј-листа за своите деца со видеа само од проверени извори и доверливи канали. Ова е особено ефективно за гледање јутјуб-видеа на паметен телевизор.

Гледајте го и вие тоа што го гледаат

Лажните цртани на „Јутјуб“ се направени за да ги измамат и збунат мадите деца, па често тие не знаат дека она што го гледаат не е вистинската Пепа. Како родител, важно е да разговарате со вашите деца за тоа што го гледаат и да обезбедите да ви кажат кога нема да се чувствуваат удобно ако видат нешто што не го сакаат или не го разбираат. Ако се премногу млади за да го направат тоа, веројатно најдобро би било да гледате со нив или воопшто да не им пуштате видеа на „Јутјуб“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија