X
 22.08.2017 Наука

Почината жена ја замрзнале со надеж дека во иднина ќе ја оживеат

Крионика е практика на длабоко смрзнување на неодамна починати тела, со надеж дека еден ден ќе бидат оживеани. Оваа практика е тема на сериозни научни истражувања.

фото извор:

Неодамна во Кина, првпат во историјата, жена била замрзната на ваков начин. Зан Венлиан починала на возраст од 49 години од рак на белите дробови и нејзиниот сопруг Гуи Јунмин дозволил нејзиното тело да биде подложено на ваква процедура. И тој и неговата сопруга сакале нејзиното тело да биде донирано во научни цели. Нејзиното тело било поставено во 1.000 литри течен азот.

Иако многумина веруваат во ваквата процедура, останува прашањето како е научно можно да се изведе вакво нешто? Дали некој ден ова ќе стане изводлива опција?

Оваа процедура се базира на одреденото време, односно телата на починатите се смрзнуваат веднаш откако нивното срце ќе престане да чука. „Замрзнување“ не е комплетно соодветен термин бидејќи всушност се работи за избегнување ледени формации на кристали, што ги оштетува клетките од ткивата. Подобар израз кој ја опишува процедурата би бил рапидно ладење. Се користи хемиски коктел од глицерол и пропандиол, а се додава и антифриз. Со сето тоа, телото се одржува во стабилна состојба за да не дојде до распаѓање, а и нема да има штета поради тоа што е изложено на ниски температури долго време.

Потоа, на телата им се дава специфична нега. Целта е еден ден да може телата да се реанимираат на клеточно ниво, најверојатно без многу промени.

Со сегашното разбирање и технологија, овој процес е комплетно невозможен. Најблиски начини на оживување се моментите по клиничката смрт, каде што пациентот се враќа во живот со срцева дефибрилација. Иако само тоа досега се користи како метода на оживување, сепак не значи дека процесот на крионика не е важен или непотребен. Првиот случај во Кина е прв огромен чекор кон понатамошно истражување на ова поле.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука