X
 25.08.2017 Култура

Само за вистинските фанови: Маратон на „Саут парк“ што ќе трае осум дена


Ликовите од „Саут парк“
(Фото: Youtube / Screenshot)


ТВ-каналот „Комеди сентрал“ објави дека ќе ги израдува сите љубители на популарната серија „Саут парк“ со маратон кој ќе трае дури 8 дена, во пресрет на почетокот на новата сезона во септември.

Оваа медиумска куќа во средата објави дека ќе ги реемитува сите епизоди што досега се прикажани, 251 на број, во период од осум дена, а единствен термин кога ќе се прекинува емитувањето ќе биде шоуто на Тревор Ноа, кое оди на оваа телевизија секој ден во исто време.

„Тоа ќе бидат историски осум дена, посветени на вистинските фанови“, се наведува во соопштението на куќата.

Маратонот ќе почне на 6 септември во 10 часот, а ќе заврши на 13 септември, кога ќе биде прикажана првата епизода од 21 сезона.

Инаку, „Саут парк“ првпат беше емитувана на 13 август 1997 година, а нејзини автори се Треј Паркер и Мет Стоун.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура