X
 29.08.2017 Култура

Премиерата на осмата сезона на „Игра на троновите“ закажана за 2019 година?

тронови
Фото: НВО

Непотврдена информација вели дека Ејч-би-о планира да ја продолжи паузата помеѓу седмата сезона и последната сезона на 16 месеци, или повеќе. Причината е продолженото продукциско снимање кое наводно треба да започне овој октомври и да трае до август 2018 година, ако не и подоцна.

Ако ова е точно, тоа значи дека премиерата на осмата сезона ќе се случи во 2019 година.

Првичната причина поради долгиот временски период е потребата да се разработи распоредот за снимање и посебен распоред за специјалните ефекти. Комплицираното снимање на локациите, по што е позната серијата „Игра на тронови“, сега стана уште покомплицирано бидејќи зимата конечно пристигна во Вестерос, па потребна е постудена клима. Поради ова, седмата сезона беше одложена за неколку месеци, дебитирајќи во јули наместо во април, како што претходно серијата дебитираше.

Осмата сезона ќе треба да инкорпорира не само зимски локации туку и специјални ефекти - помислете на змејовите на Дени како се соочуваат со ледениот змеј зомби.

Се разбира, одложувањето на седмата сезона му помогна на Ејч-би-о да ги зголеми очекувањата на фановите, па така рејтингот на седмата сезона беше највисок досега, а после финалето исполнето со пресврти, гледачите без сомнение едвај ќе чекаат да дознаат како епската серија конечно ќе заврши.

Голема е веројатноста осмата сезона да содржи шест епизоди - но да се надеваме дека долгата зима помеѓу сега и моментот на премиерата ќе им даде на фановите нешто што вреди да се чека.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура