X
 03.09.2017 Живот

Марк Закерберг наместо дигитални уреди, на своите деца им препорачува игри во природа

марк

Марк Закерберг, основач и директор на компанијата „Фејсбук“, ѝ испрати писмо на својата штотуку родена ќерка во кое ѝ зборува за значењето на играта во природа.

Писмото, што Закерберг и неговата сопруга Присила Чен го објавиле во август, зборува за магијата на детството и важноста на игрите, охрабрувајќи ги своите две деца да „не пораснат пребрзо“.

„Светот може да биде сериозно место. Затоа е важно да издвоите време за излегување надвор и играње. Се надеваме дека ќе трчаш колку што сакаш кругови во нашата дневна соба и дворот. И се надеваме дека многу ќе спиеш. Детството е магично и се случува само еднаш“, пишуваат родителите.

Иако писмото носи позитивна порака, некои медиуми сметаат дека е лицемерно со оглед на тоа што токму „Фејсбук“ претставува ризик за физичкото и психичкото здравје на децата и младите, намалувајќи ги шансите за детство поминато во игра и во природа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот