X
 04.09.2017 Живот

Тајната на претприемачот Ричард Бренсон за успех и продуктивност

Ричард Бренсон, основач на повеќе од 400 компании, има богатство кое надминува 5 милијарди долари. Тој има многу едноставно објаснување за тоа што е потребно за успех и продуктивност – вежбање.

фото извор: quotesgram.com

Бренсон тврди дека може да постигне два пати повеќе во текот на денот само ако вежба и има физичка активност. Неговите активности се состојат од сурфање секој ден. Исто така, тој ужива и во возење велосипед, играње тенис и пливање.

Секојдневната рутина можеби нè нервира, но ваквата рутина, која се состои од секојдневно вежбање, може да доведе до големи резултати, според Бренсон, а и според многу други експерти. Освен што ќе ви помогне да бидете попродуктивни, вежбањето и физичката активност се одлични и за психолошкото здравје на човекот.

Во 2011 година била спроведена студија со која е откриена врска помеѓу одењето во сала за вежбање и повисоката плата. Многу студии исто така потврдуваат дека вежбањето може да ги подобри меморијата и размислувањето, како и острината на умот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот