X
 04.09.2017 Култура

Врвни награди за „Ќе дојдат децата“ на Јакимска во Шпанија и „Еклер“ на Ѓоковиќ во Франција

Голем успех за два краткометражни филмови на млади македонски автори! Филмот „Ќе дојдат децата“ на режисерката Ана Јакимска ја освои главната награда на Меѓународниот филмски фестивал Мекиненса. Филмот за учителката Велика која се наоѓа во безизлезна ситуација, беше во конкуренција со 25 филма од 17 земји, а жирито го истакнал естетскиот квалитет на филмот и успешно изградената атмосфера, јави МИА.



Филмот на Јакимска веќе има учествувано на десетина фестивали, а на големиот фестивал во Шангај беше номиниран за најдобар краток филм.
Главната улога во филмот ја толкува Наташа Петровиќ, а продуцент е „Круг филм“.

Меѓународно жири на фестивалот во Нанси, во неделата едногласно го доделила Гран-прито на Марко Ѓоковиќ, за неговиот краток филм „Еклер“. Според образложението, филмот покажал „голема уметничка вештина и кинематографски квалитет, како во водењето на играта на актерите, така и во начинот на кој е обработена темата, со хумор“.

На фестивалот учествуваше и филмот „Крајот на времето“ на режисерот Милчо Манчевски. Биле пријавени 2.350 филма, а селекција влегле 150 наслови. „Еклер“ е во продукција на „Фрагмент филмс“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура