X
 13.09.2017 Култура

Северна Кореја се отвора за туристи! Колку чини и што вклучува 15-дневна тура?


Пјонгјанг
(Фото: Thinkstock)


Северна Кореја им ги отвори вратите на руските туристи, издавајќи лиценца за првата туристичка агенција во Москва која ветува „целосно нурнување“ во националната култура и „посигурен престој од вечерна прошетка во Лондон“.

Руската компанија Nkorean.ru, лиценцирана од севернокорејската влада, нуди организирани тури за групи до 10 луѓе или поединци кои сакаат да го запознаат животот во таа земја.

Патниците во Северна Кореја пред заминувањето мора да поминат „проверка“ и секогаш да бидат во друштво на водичот кој ќе го надгледува „соодветното однесување на туристите и ќе ја гарантира нивната безбедност“. Фотографирањето на стратешки и воени објекти е забрането, а долготрајните разговори со локалното население „не се препорачливи“.

Северна Кореја од почетокот на минатата година спроведе нуклеарни испитувања и десетина ракетни тестови, со што значително е зголемена напнатоста на Корејскиот Полуостров, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност при ОН.

Соочена со економските проблеми што се отежнати со повеќекратни санкции, владата на Пјонгјанг сака да го развие туризмот заради заработка, пренесува Ројтерс.

Најскапата 15-дневна тура чини околу 1.700 евра и вклучува посети на фарми, фабрики за минерална вода, будистички храм, планинарење...

Во понудата се вклучени и посети на многубројни музеи што ги основал Ким Ил-Сунг.

Другите тури со помалку содржини вклучуваат опуштање на плажа, авионско шоу, дури и фестивал на пивото.

Не е познато колку овие патувања ќе бидат популарни меѓу Русите, кои повеќе сакаат да ги посетуваат Европа и Тајланд.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура