X
 14.09.2017 Образование

Првиот научен клуб за деца EXPLORARIUM ја отвори сезоната со бројни експерименти и работилници

Првиот научен клуб за деца во Македонија – Explorarium ја започна сезоната со експериментирање. Во програмата се понудени бројни експерименти и работилници кои се водени од страна на професори од соодветната област. Експериментите и работилнците покрај забавна имаат и едукативна функција и децата на интересен начин можат да ги откријат тајните на науката. Покрај експерименти предвидени се и часови по Crafts, каде што децата имаат можност да изработуваат несекојдневни и креативни ракотворби.



На кој начин функционираат работилниците?

Со цел да бидеме што подостапни за учество во активностите на Експлорариум не е потребно плаќање на месечна чланарина и секоја работилница претставува посебна целина. Цената за учество во една работилница изнесува 350 денари.

Работилнците со експерименти ги водат професорите: Доцент Д-р. Ристе Попески – Димовски (Институт за физика), Доцент Д-р. Миха Буклески (Институт за хемија),Кирил Буцковски – Професор по физика, Славица Алексова – Професор по хемија, Весна Најдеска – Професор по хемија.
Додека работилнците за Crafts ги води Елена Хаџијанева


Работилниците се групирани според возрасни групи и истите се прилагодени на возраста на децата.

Погледнете го распоредот и изберете експеримент по ваш избор, во ден кој вам ви одговара:



Термините можат да се резервираат на телефонските броеви: 075/966-826 и 02/ 60 90 349, на е-маил адресата info@explorarium.mk, како и на Facebook страницата: https://www.facebook.com/ExplorariumMK/ Повеќе информации може да прочитате на: explorarium.mk

Зошто Експлорариум?

Следејќи ги светските трендови го основавме „Експлорариум“ првиот научен клуб за деца во Македонија со единствена цел да им овозможиме на децата да имаат место каде ќе може да истражуваат, експериментираат и да ја задоволат својата љубопитност.



Покрај квалитетно поминато време каде низ забава учесниците ќе имаат прилика да ги запознаат основите на науката, програмата овозможува развој на одредени животни вештини кај децата како што се: трпеливост, упорност, креативност, имагинација, развивaње на критичко мислење и сопствен став. Без разлика дали вашето дете во иднина ќе биде лекар, архитект, адвокат или инженер тоа засекогаш ќе има таканаречен научен пристап (mindset) кој ќе му помага во совладување на секоја препрека во иднина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование