Што ќе се случи ако имате инфекција и антибиотиците не можат да ја решат? Тоа е веројатност бидејќи сè повеќе бактерии развиваат отпорност на лековите кои се обидуваат да ги уништат. Според последните податоци, 700 илјади луѓе умираат од инфекции од бактерии кои се отпорни на антибиотици на светско ниво, бројка која може да се искачи на 10 милиони до 2050 година. Но, во 2016 година 25-годишна студентка, која подготвувала докторат, развила решение за кризата. Нејзиниот метод ги убива бактериите без користење антибиотици.
Шу Лам е студент по докторски науки на универзитет во Мелбурн, Австралија. Таа и нејзиниот тим од истражувачи објавиле извештај каде што го објаснуваат ова откритие. Велат дека одреден протеин во форма на ѕвезда, кој истражувачите го нарекуваат „структурен наноинженерски антимикробски пептид полимер“, успешно убил 6 вида бактерии што се отпорни на лекови во лабораторија.
Полимерите функционираат на тој начин што ги напаѓаат клетките на инфекцијата директно. Тоа го прават на повеќе начини, а бидејќи се големи, не можат да навлезат во здравите клетки. Тие физички го разбиваат клеточниот ѕид на бактеријата, па тоа доведува до голем стрес кај бактериите и со тоа самите се уништуваат. Полимерите биле тестирани на глувци, а резултатите биле позитивни. Што е најважно, не се создала отпорност на полимерот, како што се случува со антибиотиците.
Полимерите не се тестирани на луѓе. Истражувањето уште трае, па Лам придонесува кон креирање нова студија. Се надева дека клиничките испитувања ќе бидат позитивни и ќе се исплатат. Ова е пристап кој порано никој не го спровел, па научниците се надеваат дека ова ќе биде еден од начините на кои ќе се справат со кризата со отпорност на
антибиотици.