X
 16.09.2017 Образование

Стипендии во вредност од 1.600 евра за HR Академија од Clear View Бизнис Тренинг Центар

Повикот за стипендии за есенската генерација за 2017/2018 година за HR Академијата е отворен. Доделуваме две целосни стипендии. Вредноста на целосните стипендии е 1.600 евра колку што чини посетата на целата HR Академија на Clear View Бизнис Тренинг Центар.



Четири причини зошто да аплицирате за стипендија за HR Академија:
•    HR Академијата е креирана со практичен пристап и работа на менторски принцип
•    Знаењето кое се стекнува е применливо веднаш по завршување на HR Академијата
•    Предавачите на Академијата се со големо искуство во HR менаџмент
•    Сакате да бидете дел од успешната мрежа на HR професионалци во Македонија

Побарајте ја апликацијата за стипендија на меилот Info@clearview.com.mk и пополнетата апликација за стипендија заедно со Вашето CV пратете ја најдоцна до 20 септември.

Ја очекуваме Вашата апликација и се радуваме на можноста да бидете дел од стручната Академија за управување и развој на човекови ресурси.
Повеќе информации на info@clearview.com.mk и 070 29 44 19.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование