X
 20.09.2017 Живот

Добивте злобен коментар, еве како да одговорите...

злобни коментари
Фото: Screenshot/Youtube

Како можеме да одговориме на пасивно-агресивните коментари полни со лутина и злонамерност?

За да можете да одговорите соодветно на ваквите коментари, треба да бидете ментално силна личност. Истражувањата покажуваат дека оние што биле под влијание на злонамерно однесување, како што е сарказмот, премногу ја трошеле својата ментална енергија обидувајќи се да сфатат каква намера имала оваа личност. Секако, резултатите се стрес, исцрпеност и нетрпеливост.

Злонамерните коментари се кријат и зад комплименти како „изгледаш добро за своите години“ или „повеќе би продавал кога би звучел како да знаеш за што зборуваш“.

Важно е да препознаете што се крие зад ваквите коментари, а еве како ментално силните луѓе се соочуваат со злобата:

1. Не ја трошат својата енергија


Со тоа што му дозволувате на некој да го контролира она што го мислите, чувствувате и како се однесувате, вие му давате моќ над себеси. Секако дека не сакате да дозволите негативните, злобните коментари да влијаат врз тоа како се чувствувате во врска со себеси или каков ден ќе имате. Не дозволувајте ѝ на ваква личност да има премногу голем простор во вашиот живот. Одлучете дека денес ќе биде добар ден, дури и тогаш кога вашиот колега е непристоен.

Тргнете ги вознемирувачките мисли, вдишете длабоко за да се смирите и едноставно тргнете се од стресната ситуација.

2. Остануваат верни на своите вредности


Ментално силните луѓе ги знаат своите вредности и за нив се приоритети според кои живеат. Тоа не се менува ни тогаш кога се во близина на злобните луѓе. Ментално силните луѓе знаат дека одржувањето на нивниот интегритет е клучно за внатрешен мир.

3. Знаат кога треба да зборуваат, а кога да молчат

Во некои ситуации треба да го кажете она што го мислите, но понекогаш најпаметното нешто што можете да направите е да игнорирате некој што користи злобни коментари за да го добие вашето внимание.

Користете директна комуникација. На пример, кажете: „Забележав дека ги преврти очите кога ме потсетија на тој проект. Дали си вознемирен/а поради нешто?“

Ако на некој состанок, додека сте зборувале за вашите идеи, сте забележале како некој дофрлил нешто злобно, не вознемирувајте се. Свртете се накај луѓето што се заинтересирани и на тој начин ќе го префрлите вниманието онаму каде што треба - кај позитивните луѓе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот