X
 26.09.2017 Образование

Дана Гавиш Фридман ни објаснува како функционираат израелските факултети, тие нудат многу повеќе отколку знаење



Интервју со Дана Гавиш Фридман, говорник на „Самит Македонија 2025“: Универзитетите не треба да овозможат само знаење и образование, туку и практични алатки за студентите

На 1 и 2 ноември Скопје ќе биде домаќин на „Самит Македонија 2025“. Самитот претставува динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите. На настанот ќе присуствуваат над 50 врвни говорници, а еден од нив е и Дана Гавиш Фридман, потпретседателка на Одделот за претприемништво на Универзитетот „Бен Гурион“, еден од водечките истражувачки центри во Израел.

- Универзитетот „Бен Гурион“ во Негев е најбрзо растечки истражувачки универзитет во Израел. Само 2 години од својот јубилеј, a БГУ веќе е агент на промени, исполнувајќи ја визијата на Давид Бен Гурион - легендарниот прв премиер на Израел. Од длабочините на пустината се роди енергична, врвна, најсовремена суперсила - од медицина, хуманистички до природни науки, БГУ спроведува важни истражувачки процеси и нуди квалитетна настава - вели за Факултети.мк, Дана Гавиш Фридман, потпретседателка на Одделот за претприемништво на овој факултет. Таа е една од 50. говорници што на 1 и 2 ноември ќе дојдат во Скопје на „Самит Македонија 2025“. Самитот претставува динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите.

Универзитетот е основан во 1969 година како Универзитет во Негев, со цел да го промовира развојот на пустината Негев, која опфаќа повеќе од шеесет проценти од Израел. Денес, универзитетот „Бен Гурион“ е центар за настава и истражување со околу 20 илјади студенти. Тој промовира истражувања во областа на зелената енергија, алтернативната и обновлива енергија, вклучувајќи обновливи горива, сончева енергија и многу повеќе. Исто така, универзитетот нуди широк спектар на програми за додипломски и постдипломски студии од областа на енергетиката.

Потпретседателка сте на Одделот за претприемништво на Универзитетот „Бен Гурион“, еден од водечките истражувачки центри во многу области во Израел. Кажете ни нешто повеќе за Вашата улога на овој универзитет?
- Универзитетот „Бен Гурион“ (БГУ) денес е единствениот израелски универзитет кој има потпретседател за претприемништво. Обемот на претприемачки активности е голем. Бара од мене да бидам центар за поврзување на сите различни елементи однатре и однадвор во рамките на универзитетот, како студентските клубови и акцелератори, технологијата на истражувачите, неверојатниот hi-tech парк, зближувањето на универзитетот со многубројни мултинационални и израелски фирми (Dell-EMC, IBM, PayPal, Deutsche Telekom), единиците на израелската армија кои се движат кон југ до Бир Шева и уште многу други. Како посредник на претприемачките врски, главната цел ми е да им помогнам на сите што се заинтересирани да бидат дел од екосистемот да ја пронајдат вистинската платформа - без разлика дали се работи за студент, истражувач, алумни или инвеститор. Со позиционирање на БГУ како главен центар на претприемништвото во Јужен Израел, ние ќе продолжиме да го водиме со научна извонредност и да го извлекуваме најдоброто од израелските таленти.

Кои се капацитетите на универзитетот, какви можности им нуди на своите студенти?
- Универзитетот „Бен Гурион“ во Негев е најбрзо растечки истражувачки универзитет во Израел. Само 2 години од својот јубилеј, а БГУ веќе е агент на промени, исполнувајќи ја визијата на Давид Бен Гурион, легендарниот прв премиер на Израел. Од длабочините на пустината се роди енергична, врвна, најсовремена суперсила - од медицина, хуманистички до природни науки, БГУ спроведува важни истражувачки процеси и нуди квалитетна настава. Универзитетот е во срцето на трансформацијата на Бир Шева во сајбер-капитал на земјата. Водечките мултинационални корпорации со нетрпение ја чекаат експертизата на БГУ во компјутерската безбедност, роботиката, дигиталната медицина, биотехнологијата и нанотехнологијата за да може да генерираат иновативни истражувања и развој. Една третина од израелските инженери дипломираат на БГУ, со тоа што таа бројка ќе расте, како што ИДФ се движи кон југ и ги испраќа своите најдобри и најпаметни студенти за да ги зголеми редовите на своето студентското тело.

За да се приспособи на тој раст, БГУ започна амбициозна кампања за двојно зголемување на големината на главниот кампус. Мисијата е да изврши промени на локално, регионално и меѓународно ниво. Со поттикнување уникатни партнерства, БГУ е универзитет со совест, активен во науката и во заедницата, значително придонесувајќи во полето на пустинските истражувања, хидрологијата, земјоделството во сушните подрачја и алтернативната енергија. Над една третина од нашите студенти учествуваат во една од најразвиените светски општествени акциски програми. Одбројуваме до педесетгодишнината, а универзитетските истражувања стануваат сè порелевантни како што се прошируваат глобално.

Наскоро ќе ја посетите Македонија, говорник сте на Самитот организиран од страна на „Македонија 2025“. Која е пораката што ќе ја испратите до учесниците?
- Израел е совршен пример за мала држава со голема волја и претприемачки дух. Во 2018 година ќе ја прослави својата седумдесетгодишнина. Со секоја година сè повеќе се користат израелски технологии низ целиот свет. Ние сме совршен пример за способноста да се направи оптимална употреба со малку ресурси, притоа создавајќи голема вредност.

Повеќе од 12 години со својата работа ги приближувате студентите, професорите и нивните бизнис-идеи до стопанството. Колку е значајно денеска за универзитетите да бидат поврзани со компаниите? Дали тоа е единствен начин образовните институции да создаваат успешни генерации на студенти?
- Денеска сите водечки универзитети разбираат дека нивната улога не е само да овозможат образование и знаење, туку и практични алатки за нивните студенти и истражувачи. Студиите за претприемништво на универзитетите, како и комерцијализацијата на единиците и технологијата се од суштинско значење и се природен тек на применетиот истражувачки процес. Кога овие елементи се добро поставени, а социјалното претприемништво е во подем, фантастичните идеи оживуваат во облик на софтвер, биотехнологија, медицински помагала, земјоделски и чисти технолошки иновации.
Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева / milena.atanasoska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование