X
 27.09.2017 Образование

Известување од МОН за рокот за продолжување на студентската стипендија

Почитувани студенти,

Ве потсетуваме дека рокот за продолжување на студентската стипендија е до 30 октомври.

Согласно договорот за стипендирање, на почетокот на секоја студиска година, најдоцна до 30 октомври, до Министерството за образование и наука треба да ги доставите следните документи:

1. Потврда за запишан нареден семестар, односно година на школување
2. Уверение за положени испити со успех од претходните години
3. УППИ образец за предвидени и положени испити
4. Индекс на увид, до завршувањето на додипломските студии.

Потребните документи треба да се достават до архивата на Одделението за ученички и студентски стандард (зграда на Нова Македонија, приземје), или преку пошта со дознака: “Продолжување на студентска стипендија“, а потребно е да се наведе за која категорија на стипендија станува збор.

Доколку ги испраќате Вашите документи преку пошта, истите треба да бидат доставени до следната адреса:

Министерство за образование и наука

ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54

1000 Скопје, Република Македонија

Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме обратете се кај г. Ќенан Сали, на следната електронска адреса: qenan.sali@mon.gov.mk, или на телефонскиот број: +38970276310.

Со почит,

Министерство за образование и наука

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование