X
 29.09.2017 Образование

Од 29-30 септември, во Крушево,УКЛО одржува Конференција на тема „Науката на УКЛО - искуства и перспективи“ или УКЛО 21-УИК

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола  одржува интерна конференција УКЛО21-УИК на тема „Науката на УКЛО - искуства и перспективи“.



На денешниот почеток на Конференцијата, проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Елизабета Бахтовска нагласи дека УКЛО21-УИК   претставува нова иницијатива за одржување годишни конференции, односно собири на коишто ќе се обработуваат актуелни и значајни теми што ги тангираат различните области од универзитетското живеење.Таа истакна дека основна цел на конференцијата е квалитативно и квантитативно подобрување на научно-истражувачката и проектната активност  на универзитетот и зголемување на меѓусебната доверба помеѓу академските кадри на УКЛО.

 
Конференцијата ја отвори ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.  Во своето обраќање тој се осврна на неколку важни моменти кои и даваат посебно значење и важност на Конференцијата. Споре него, во овие времиња на големи промени, главен предизвик покрај основниот – образовниот, е и пронаоѓањето на вистинскиот одговор за барањата на општеството во коешто живееме и делуваме, барањата на опкружувањето, стопанството, бизнис и не-бизнис секторот, економијата воопшто. Тој ја акцентира индивидуална одговорност на наставно-научните кадри како и институционалната одговорност што произлегува од карактерот на секој Универзитет како што се: науката, научното истражување, трудовите што се објавуваат и резултатите што произлегуваат од нив.  
 

Погледнато низ бројки, интерната Конференција на УКЛО опфаќа 86 пријавени трудови од 128 автори и коавтори,  исто толкав број рецензенти,  79 присутни учесници на конференцијата, 16 презентери, шест стручни комисии според научните подрачја и 6 модератори за презентирање на општите коментари и заклучоци за пристигнатите трудови од рецензентите.
 
Дводневната конференција се одржува во две пленарни сесии со презентации на актуелни и атрактивни  теми од областа во текот на првиот и работа во стручни сесии спред подрачјата на пристигнатите трудови во вториот ден.

УКЛО21-УИК се одржува во Крушево од 29-30 септември 2017 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование