X
 29.09.2017 Живот

Прочитајте кои вештини ќе треба да ги поседувате за лесно да најдете работа во 2030 година

вештини

Сите можеме да се согласиме дека идната работа ќе бара нови, идни вештини. Бидејќи роботите ги преземаат мануелните задачи, а вештачката интелигенција може да работи на работни места кои претходно бараа размислување, она што останува да го работат луѓето во иднина ќе биде различно од она што се работи денес.

Новиот извештај на британската фондација за иновации „Неста“ и школата „Оксфорд Мартин“ при Универзитетот „Оксфорд“ се обиде да утврди како овие промени ќе влијаат врз барањето одредени вештини до 2030 година. Најпрво, тимот што стои зад истражувањето идентификувал професии кои изгледа ќе бидат автоматизирани и оние што веројатно ќе се бараат уште повеќе токму благодарение на автоматизацијата (наставници, биотехнолошки истражувачи и медицински сестри).

Потоа, тие ги разгледаа вештините кои најчесто се застапени кај професиите што имале најголеми шанси за растење во иднина, со цел да откријат кои вештини би биле најкорисни кога ќе почнат да владеат роботите. Од извештајот, ова се топ-петте посакувани идни работни вештини:

- Расудување и донесување одлуки:
Со оглед на релативните трошоци и придобивките од потенцијалните активности да се избере најсоодветната.

- Флуентност на идеите: Способноста да создадете идеи за одредена тема (бројот на идеи е важен, не нивниот квалитет, точност или креативност).

- Активно учење: Стратегии на учење - избирање и користење методи за обука и наставни методи соодветни за ситуацијата кога се учат или предаваат нови работи.

- Стратегии за учење:  Разбирање на импликациите на нови информации за сегашното и идното решавање на проблеми и донесување одлуки.

- Оригиналност: Способноста да се создадат невообичаени или паметни идеи за дадена тема или ситуација или да се развие креативен начин за решавање на проблемот.

Сето ова сугерира дека работите како креативноста, приспособливоста и расудување ќе бидат поважни од специфичното знаење за предметот. Поранешните вештини ги претставуваат способностите кои ги нема ниту една машина, додека останатите би можеле да се заменат со вештачката интелигенција.

Извештајот всушност оди чекор подалеку, замислувајќи како некои од овие вештини можат да се комбинираат за да се формираат нови професии во иднина. Тие вклучуваат улоги како советник кој е специјализиран за помагање на луѓето да се подготват за повеќестепенски живот над 100 години. Но сето ова е прилично шпекулативно.

Поконкретен е фактот дека во меѓувреме ќе треба да ги поминете вечерите учејќи и вежбајќи наплив на идеи.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот