X
 02.10.2017 Живот

Вистини што треба да им ги кажеме на нашите родители додека се живи

родители
Фото: Morgue File

Најголема среќа во животот е детето да расте покрај своите родители, кои го сакаат повеќе од сè, кои за него ќе направат сè на светот и кои му го посакуваат најдоброто. Но откако родителите ќе остарат, и ним им се потребни децата за да им помогнат и да им дадат поддршка.

Ова се вистини кои можеби не им ги кажуваме доволно често на нашите родители, но секако сакаме да ги знаат. Пред да се разделиме од нив, потребно е да им кажеме...

1. Мислам на вас секој ден


Дури и кога имам многу работа и кога мојот ден е хаотичен, секогаш сте ми во мислите. Можеби понекогаш се чини дека не се трудам доволно да одржувам контакт со вас, но јас секогаш мислам на вас.

2. Навистина ценам сè што сте направиле за мене


Не го кажувам ова доволно често, но навистина сум благодарна за сè што сте направиле за мене. Ни најмалите ситници не поминале незабележано и во себе никогаш не заборавам да ви се заблагодарам за тоа, и тогаш кога не ви кажувам директно.

3. Ве сакам повеќе од сè


Среќна сум што сте до мене и што ги поддржувате моите одлуки и желби. И кога нема да бидете тука, ќе имам сила да продолжам понатаму токму поради вас. Ве сакам и никогаш не заборавајте го тоа.

4. Знам колку сте се жртвувале за вашите деца

Знам дека жртвите понекогаш биле големи. Да се има деца значи да се стават тие на прво место; значи да се стават потребите на децата пред сопствените и секогаш да се носат одлуки врз основа на тоа што е најдобро за детето. Никогаш немојте да се посомневате дека не го ценам тоа што сте се откажале од сè за јас да имам подобар живот.

5. Јас сум подобра личност бидејќи ве имам вас за родители

Денес јас сум тоа што сум благодарение на вас. Вие двајцата сте сила на која можам да сметам и ги обожавам вашата добрина, страст и сочувство. Ме научивте како да сакам, како да се борам и како да верувам во себе. Сакам да знаете колку ве ценам и како луѓе и како граѓани на светот. Вие сте луѓе кои се мојот пример. Вие сте моите духовни водичи и херои.

6. Ми недостигате


Тоа што сме разделени понекогаш ме боли и ме прави тажна. Тоа што живееме разделени едни од други нема врска со тоа колку ве сакам. Ми недостига мојот дом постојано и понекогаш размислувам за тоа каков би ми бил животот да живеам близу нашиот дом. Ми недостигате, но исто така сфаќам дека сакате да ги следам сопствените соништа и да создадам сопствен живот.

7. Сонувам лоши соништа во кои ве губам

Знам дека морам да се соочам со реалноста и дека нема да бидете тука засекогаш и дека еден ден ќе морам да почнам да живеам без вас. Кога ќе ве нема, знам дека ќе бидам доволно силна да продолжам, но никогаш нема да бидам истата личност.

8. Тоа нема да биде збогум, знам дека ќе се видиме подоцна

Кога ќе ве нема, вие секогаш ќе бидете со мене. Често ќе се потсетувам на тоа. Можеби нема да бидете физички присутни, но ќе продолжите да живеете во моето срце. Сакам да се сеќавам и на најмалата работа и секогаш во себе да имам дел од вас. Тоа ќе биде блага утеха бидејќи кога ги губиме оние што ги сакаме, тие всушност не одат никаде.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот