X
 03.10.2017 Технологија

Во која земја има најмногу онлајн-работници и на кое место се наоѓа Македонија?


2
Фото:  Online Labour Index


Интернетот создаде глобален пазар за дигиталната хонорарна работа што моментално расте брзо. Индексот за онлајн-работниците открива кои вештини државите ги донесуваат на пазарот. На пример, врвната професионална категорија во Америка пишува и преведува, додека во индискиот потконтинент може да се најде развој на софтвер и технологија. Различните региони на Европа се фокусираат на различни специјализации.

Картата е базирана на податоци од неодамна, а податоците се преземени од четирите најголеми платформи што ги поврзуваат купувачите и продавачите на онлајн хонорарна работа.

Најголемиот снабдувач на онлајн-труд според податоците е традиционалната аутсорсинг-дестинација Индија, дом на 24 отсто од работниците. По неа се Бангладеш (16 отсто) и Америка (12 отсто). Работниците на различните земји се фокусираат на различни професии. За развојот на софтвер и технологија доминираат работниците од индискиот потконтинент, кој раководи со 55 отсто удел на пазарот. Категоријата на професионални услуги, која се состои од услуги како сметководство, правни услуги и бизнис-консалтинг, ја предводат работниците од Велика Британија со 22 отсто удел на пазарот.

online
Фото:  Online Labour Index

Информациите и податоците во индексот се извлечени од најголемите онлајн-платформи за работа: „Фивер“, „Фриленсер“, „Гуру“ и „ПиплПерАур“. Бидејќи овие платформи се на англиски јазик, пазарните удели на земјите каде што не се зборува англиски јазик ќе бидат недоволно застапени во бројките. Постојат многу платформи на други јазици, но платформите на англиски јазик се главните канали на меѓународната трговија. Врз основа на сообраќајната статистика, може да се процени дека овие четири страници претставуваат најмалку 40 отсто од глобалниот пазар за платформа базиран на онлајн-работа.

Регионите во Европа покажуваат посебен географски распоред. Во Латинска Европа, водечката онлајн-категорија е пишување и превод, додека Северна Европа обезбедува креативна и мултимедијална работа, како и маркетинг-поддршка. Големите земји од Источна Европа се најсилни во развој на софтвер и технологија.

3
Фото:  Online Labour Index

Работниците од супсахарска Африка, како Нигерија, Кенија и Јужна Африка, исто така учествуваат на пазарот. Тие се особено активни во пишување и преведување, со глобален удел на пазарот во таа категорија од околу 6 отсто. Втората најголема категорија во Кенија е развивање софтвер и технологија. Сепак, глобалниот удел на Кенија во оваа категорија останува мал, со помалку од половина процент.

Бројките покажуваат дека и Македонија има мал удел на пазарот, а најчестата категорија е продажба и маркетинг-поддршка и мал процент софтверско развивање и технологија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија