X
 05.10.2017 Култура

Книги што го исплашиле дури и генијот за хорор-приказни - Стивен Кинг

king

Сигурно го знаете Стивен Кинг, а ги знаете и неговите дела, за кои може да се каже дека се прилично страшни. Со повеќе од 50 издадени книги, Кинг несомнено е плоден автор. Неговите класични дела ги вклучуваат „Кери“ и „Сјаeње“, како и многу други историски/научнофантастични книги, како 11/22/63.

Затоа, кога ќе кажеме дека Кинг е гениј за хорор-филмови, тогаш сигурно не сме згрешиле. Е па овој гениј сега ни дава препораки за хорор-книги што ќе ве преплашат - со оглед на тоа што и тој бил преплашен од нив.

„A Head Full of Ghosts“, Пол Тремблеј

1

Кога 14-годишната Марџори Берет почнува да се однесува чудно, нејзините родители откриваат дека таа покажува знаци на акутна шизофренија. Но кога докторите нема да можат да ѝ помогнат, домот на Барет се претвора во куќа на хоророт, така што семејството се обраќа до Католичката црква, која пак се сомнева дека Марџори ја опседнале духови.

Што вели Стивен Кинг: „Ме преплаши, а јас сум човек што не може ништо да го исплаши“.

„Bad Country“, Си Би Мекензи

2



Кога мртво тело се појавува близу домот на Родео Грејс Гарнет, полицијата тропнува токму на неговата врата. Вистинска мистерија исполнета со напнатост, предавство и убиство.

Што вели Стивен Кинг: „Одличен крими/напнат/мистериозен роман, но вистинската вредност е неговиот свеж и оригинален глас“.

„Day Four“, Сара Лоц

3

Патувањето на бродот „Beautiful Dreamer“ се претвора во кошмар кога бродот застанува. Без сигнал, среде океан, никој не може да повика помош. На почеток не изгледа толку страшно, но како што поминуваат деновите, храната се намалува, а пронајден е и труп во една од кабините.

Што вели Стивен Кинг: „Одличен роман - од пеколот!“

„Big Little Lies“, Лиен Мориарти


4

Романот ја раскажува приказната за три жени што доживеале љубовни разочарувања. Поранешниот сопруг на Меделин и неговата нова жена се преселија во градот на Меделин, а нивната ќерка учи токму со ќерката на Меделин.

Што вели Стивен Кинг: „Одлична книга - духовита и страшна. Одлично ги прикажува мајките што се расправаат“.

„You“, Керолин Кепнес

5

Кога прекрасна жена влегува во книжарницата на Џо Голдберг, тој го „гугла“ името од нејзината кредитна картичка и открива дека таа е единствената жена со такво име во Њујорк. Нејзините профили на социјалните мрежи му кажуваат сè што треба да знае за неа. Од прогонувач, тој станува нејзино момче, но тогаш работите тргнуваат на лошо.

Што вели Стивен Кинг:
„Хипнотизирачка и страшна. Малку Ајра Левин, малку Патриша Хајсмит. Одлична“.

„Frankenstorm“, Реј Гартон

6

Кинг оваа книга ја нарекува „старомодна“, меѓутоа, тоа е добра работа. Реј Гартон доставува неверојатен роман за бурата на векот.

Што вели Стивен Кинг: „Обидете се да ја прочитате, станува збор за класика“.

„Broken Monsters“, Лорен Беукс

7

Детективот Габриела Версадо има видено толку многу работи и многу мртви тела. Но овој пат се појавува тело што е половина човек половина елен. Како што се појавуваат сè повеќе и повеќе вакви тела, Габриела се обидува да биде во чекор со реалноста.

Што вели Стивен Кинг: „Страшно и хипнотизирачко. Не можев да престанам да ја читам“.

„Niceville“, Карстен Строуд


8

Што би направиле кога градот наречен „Niceville“ и не е толку фин? Прашајте го Ник Кавана, полицаец што мора да истражува и кражба и исчезнување.

Што вели Стивен Кинг: „Лудо добар натприроден/крими/хорор епски роман. Ме воодушеви“.

„The Girl on the Train“, Пола Хокинс

9

Една од најкоментираните книги на почетокот на оваа година што со месеци е бестселер. Рејчел обожава да ги набљудува луѓето што се качуваат на возот со кој се вози секојдневно. Толку сака, што си измисли приказна за нејзиниот омилен пар. Таа ги именува Џес и Џејсон и сонува среќен живот за нив. Сè додека „Џес“ не исчезнува.

Што вели Стивен Кинг: „Одличен роман што ме држеше буден цела ноќ“.

„The Accident“, Крис Павон

10

Агент за литература во Њујорк завршува анонимна скрипта што ЦИА сака да ја уништи. Во меѓувреме, авторот се крие во Цирих, обидувајќи се да се искупи за каењето во текот на целиот живот. Приказната во книгата се случува во еден ден, додека животите на ликовите се судираат како што се приближува објавувањето на книгата.

Што вели Стивен Кинг: „Ако сакате романи што ве тераат да си ги грицкате ноктите, ова е најдобриот за вас годинава“.

„Тhe Killer Next Door“, Алекс Марвуд


11

Луѓето што живеат на 23 Беула Гроув имаат тајни. Сигурно, со оглед на тоа што Беула Гроув е место каде што одите кога немате повеќе опции. Звучи како почеток на роман на Стивен Кинг, нели? Трилер-роман што не смеете да го пропуштите.

Што вели Стивен Кинг:
„Ако сте ја прочитале „The Wicked Girls“ од Алекс Марвуд, „The Killer Next Door“ е уште подобра. Одлични ликови.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура