X
 08.10.2017 Живот

Младите родители Наташа и Трајче Динови од Неготино со апел: Помогнете ни да ја спасиме нашата ќерка, Николија

Николија Динова е деветмесечно бебе кое боледува од голем “Porenzephaler”, дефект на мозокот и мозочни грчеви кои секојдневно се влошуваат. Потребно е лекување во Германија за кое се потребни големи финансиски средства. Нејзините родители битката против болеста не можат да ја добијат сами и неопходна им е помошта од добрите луѓе за да успеат да ги соберат неопходните средства за лекување во странство. За таа цел КУД „Јане Сандански“ од Неготино одржа хуманитарен концерт, а средствата собрани на истиот ќе бидат донирани за лекување на малата.


 
Инаку на крајот на минатиот месец Општинската организација Црвен Крст Неготино и Клубот на млади при ООЦК Неготино организираа хуманитарен концерт, но средствата кои беа собрани се многу малку за да се подмират болничките трошоци кои за почеток изнесуваат околу 11 000 евра. Во акцијата за спас на малата Николија се вклучија и младите од градот, кои со кутии в раце од врата на врата, се обидуваат да соберат денар повеќе.

Николија заедно со своите родители се наоѓаат во Есен, Германија, каде што треба да почне и нејзиното лекување. Како што вели младата мајка Наташа, од Болницата им ветиле дека откако ќе ги направат сите потребни испитувања, тогаш ќе излезат и со точната дијагноза по што ќе следува и процесот на лекување. Динови за овој период, во нашите клиники направиле бројни испитувања, но и покрај сите обиди немало подобрување на состојбата на деветмесечното бебе. Затоа и одлучиле дека помош мора да побараат во Германија.
Трајче и Наташа својата долгогодишна љубов ја крунисаа со брак, а малата Николија е долгоочекувано бебе по неколкуте неуспешни обиди на младите родители да добијат дете, две вонматерични бремености, спонтан абортус, па и две неуспешни обиди за ин витро оплодување. По сево ова кога успеала да остане бремена, лекарите ја информирале дека носи близнаци, едното од нив во текот на бременоста го изгубила додека малата Николија успеала да се избори да ја види светлоста на денот и да им ги стопли срцата на младите родители.

Наташа работи во маркет, а Трајче е келнер и немаат доволно средства да издвојат за лекување на нивното малечко. Единствен спас гледаат во добрите и хумани луѓе од кои очекуваат да издвојат мал дел, кој за нив ќе значи многу и ќе успеат да ги соберат парите за старт на лекување на нивната надеж.

 
„Значи толку пари, едноставно, ние немаме. Но немаме ни право да се откажеме од борбата за живот на нашата Николија бидејќи и таа овие месеци се бори за едно со нас“, вели Наташа.


За собирање на пари има многу малку време, во прашање се часови, бидејќи болеста е упорна и агресивна, а лечењето во Есен може да започне, дури кога на сметката ќе легнат првичните неопходни 11 000 евра.

Сите заинтересирани граѓани можат да донираат на жиро сметката и бројот за донации:

►Жиро сметка: 200001907750984 Трајче Динов

►Број за донации: VIP 143461

Билјана Тошевски
Канал 77

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот