X
 08.10.2017 Живот

Заљуби се во некој што истовремено ќе ти биде и најдобар другар и љубовник...

љубов

Заљуби се во некој што ќе те сака безусловно. Кој ќе ги прифати твоите маани, недостатоци, несовршеност и кој ќе направи да се чувствуваш вредно.

Заљуби се во оној кој ќе се бори за тебе и покрај потешкотиите и бурите што доаѓаат во животот. Во оној кој ќе ја разбере твојата лудост и твоите непромислени однесувања. Во оној кој ќе те смири кога ќе се чувствуваш вознемирено. Оној кој со тебе ќе разговара полн со љубов после долгата расправија.

Заљуби се во некој што ќе го цени твојот труд и ќе ти даде поддршка во реализирањето на твоите цели. Кој на крајот на денот, ќе биде со тебе. Кој ќе вози со часови за само да ја види твојата насмевка. Заљуби се во оној кој секогаш ќе биде до тебе што и да се случи.

Заљуби се во некој чии бакнежи ќе направат да се чувствуваш најпосебно во светот. Кој ќе направи да почувствуваш ерупција на сензуалност. Кој ќе ти пее нежна песна за полесно да заспиеш и наутро штом ги отвориш очите да ја погледнеш најубавата порака за почеток на денот.

Заљуби се во некој кој ќе ти биди најдобриот пријател и љубовник истовремено. Кој со тебе доцна навечер ќе јаде чоколадо за се чувствуваш подобро. Кој со тебе долго ќе разговара за било што.

Заљуби се во некој што ќе те насмее, со некој што можеш да се забавуваш како да сте деца. Кој гордо и неуморно ќе те држи за раце и на сите ќе им каже дека е вистински среќник што те има.

Заљуби се во некој што ќе ти прости. Кому ќе му бидеш поважна од неговите хобија, работи... Кој секој ваш момент ќе го направи момент за паметење. Кој ги одржува своите ветувања. Заљуби се во оној што ќе те почитува и тебе и твоите животни одлуки.

Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа и твоето тело. Кој ќе ги избрка сите твои грижи, солзи и сомнежи. Во оној кој секогаш ќе те разбери и тебе и сите твои промени. Заљуби се во некој кој ќе те направи среќна личност, кој ќе те задоволи - некој што секогаш позитивно ќе те изненади.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот