X
 13.10.2017 Живот

Дали би летале на петок 13-ти со лет број 666, крајна дестинација - пекол?

petok
Фото: Profimedia

Летот број 666 од Копенхаген до Хелсинки доби прилично застрашувачко значење со оглед на тоа што денес е петок 13-ти, а Хелсинки скратено се пишува HEL (што неодоливо потсетува на „hell“, поточно пекол на англиски).

Летот на компанијата „Финејр“, патувал од Копенхаген во Данска До Хелсинки во Финска, а денес за последен пат летна авионот под број „FY666“. Авионот денес полета во 13 часот, поточно во 13:20, а траел еден час и 35 минути.

Во период од 11 години оваа компанија летала 21 пат до оваа „пеколна“ дестинација во петок 13-ти.

„Овој лет е предмет на шега меѓу пилотите. Не сум суеверен, за мене тоа е само случајност“. Кога некој патник е во паника поради летот 666, нашиот персонал секогаш е тука да помогне“, вели тој.

Дали вие би летале со летот 666 на петок 13, и да седите во 13-от ред?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот