X
 13.10.2017 Образование

Втора регионална школа за безбедност 2017 за заедничките безбедносни предизвици од мигрантите

1

Во Охрид од 29 Септември до 1 Октомври 2017 година се одржа  Регионалнатa школа за безбедност, во организација на Факултетот за безбедност Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер”, Вилфред Мартенс центарот за европски студии и Центарот за истражување и креирање политики на која професори и студенти партиципираат од Република Македонија, Република Грција и Република Бугарија.
Учесниците покрај од Факултетот за безбедност-Скопје и студенти стипендиски на фондацијата „Конрад Аденауер„ беа од Универзитетот „Аристотелис“ од Солун, односно од Институтот за политички науки - Солун, Сити колеџот од Солут и Катедра за политологија и европеистика при Филозофскиот факултет од Државниот Универзитет од Софија.

Школата  овозможи на студентите да разменуваат мислења за соработка, координација и спроведување на безбедносната политика и стратешките насоки за миграцијата и безбедноста.

Регионалната школа за безбедност понуди предлози за размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу професорите, студентите и практичарите од земјите од регионот опфатени со миграциската криза: Македонија, Грција и Бугарија, воедно се испитаа тесните грла за соработка, координација и спроведување на безбедносна политика и стратешките насоки за миграцијата, како и безбедносната политика на Европската унија и политиката за мигранти.

Кризата со мигрантите откри недостаток на координација и комуникација меѓу соседните земји, бавни понекогаш и неефикасни политики, како и одговор од страна на Европската унија. Ова доведе до потреба од Регионалната школа за безбедност преку која се подобри соработката, се направи чекор до консултации меѓу земјите по должината на трасата и изградба на прагматична политика и оперативни мерки во Европа и Западен Балкан како понатаму да се справи со бегалците/мигрантската криза.
До средината на 2017 година, повеќе од еден милион луѓе пропатуваа по должината на Западен Балкан од Грција до Централна Европа како резултат на најголемите миграциски текови во овој век.

Тематски области на Регионалната школа за безбедност беа: Верскиот радикализам како безбедносен предизвик за Европа и регионот; Управување со движења на бегалци и ефикасна гранична контрола и значењето на соработката и размената помеѓу властите на соседните земји; Политичката стабилност на секоја земја во регионот како предуслов за поефикасно управување со кризи и повеќе успешно справување со заедничките безбедносни предизвици; Предизвици за дипломатија и одржувањето на добрососедските односи за поефикасни за прекугранична соработка и справување со заедничките безбедносни предизвици;

Регионалната школа за безбедност има образовни цели, со јасно дефинирани реализирани образовни резултати за студентите. Во исто време се организираа работилници и панел дискусии  со кои се овозможи идентификација на проблемите во соработката, координација и спроведување на националната политика за миграција и безбедност, како и миграционата политика и безбедност на Европската унија.

Школата, ја оствари целта и ги дефинираше можните решенија и политика, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката, координацијата и спроведување на националните цели и ЕУ политики за миграција и безбедност.

Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите излегоа во јавноста и беа презентирани во конечен производ на знаења со што се беа видливи реалните резултати од проектот.

Ниту регионот ниту Европа во овој момент не се подготвени да се справат со безбедносните предизвици од евентуална нова мигрантска криза, а главна причина за тоа е немањето политичка волја, смета научната јавност. Коментирајќи ги податоците изнесени од унгарскиот премиер Орбан деновиве во Охрид, дека низ регионот во наредните години ќе поминат 60 милиони мигранти, експертите истакнуваат дека тоа е далеку од реалноста и предупредуваат да не се шпекулира со ова прашање и да не се преувеличуваат бројките.

„Тоа е некаква имагинација. Бројките се неточни и несоодветствуваат со реалноста. Морам да кажам дека земји како Унгарија, Полска Чешка се покажаа како многу некооперативни кон овој проблем и дека можеби поради нив настанаа толку големи проблеми за Европа во справувањето со мигрантите“, вели Вемунт Арбаке, универзитетски професор од Грција.

Според експертите Балканската мигрантска рута се' уште е активна, иако има малубројни движења, но превентивно регионот треба да остане буден и да подготви заеднички одговор како во делот на безбедноста, така и за хуманитарниот аспект на кризата. Тие посочуваат дека е неопходна сериозна реформа на македонскиот безбедносен систем и тука најмалку треба да има простор за политика и политиканство.

„Во однос на безбедносниот систем и неговата функционалност во Република Македонија, се констатираа бројни слабости во делот на системот за управување со кризи, јавната безбедност и во услови кога е отворен процесот на реформи во безбедносниот систем вистинско време е да одговориме што му треба на безбедносниот систем, а воедно прашањето на мигрантите да не се злоупотребува во политички цели“, рече Доц.д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје.

„Не само сегашната реформа да биде чекирање на одредени обврски кои произлегуваат од различни планови кон процесот на ЕУ и НАТО, туку суштински реформи кои ќе ги знае и академската заедница. Во тој случај ќе изградиме фунционален безбедносен систем, во спротивно постои едно пренесено мислење од нашите истражувачи не само што миграните не сакаат да останат во Македонија, доколку ова безбедносна особено економска тешка состојба за македонските граѓани остане, не случајно дел од македонските граѓани може и ќе се придружат на мигрантите кон патот кон Европа и подобар економски живот“, додава тој.

Кризата со мигрантите откри недостаток на координација и комуникација меѓу соседните земји, бавни понекогаш и неефикасни политики, како и одговор од страна на Европската унија.

„Сметам дека ниту регионот нити ЕУ самата по себе не се доволно спремни да се справат во моментов со ваков тип на предизвици, секако тука причината е недостаток на вистинска волја“, изјави проф.др. Вемут Арбакен универзитет „Аристителис”-Солун.

„Тоа секако беше шок посебно за земјите од регионот секако и за ЕУ, но на некој начин според мене тоа беше последица на веќе постоечки кризи кои што подолго време се провлекуват во ЕУ и регионот“, изјави проф. Др.Александра Продромидру-универзитет Шефилд-Солун.

„Движењето на бегалците ќе се стави под контрола доколку се одржуваат  добрососедски односи, се воспостави ефикасна гранична контрола и соработката помеѓу властите на соседните земји, политичка стабилност на секоја земја во регионот, а неопходно е и спроведување на националната политика за миграција и безбедност“ –заклучија експертите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование