X
 16.10.2017 Живот

Големата бура од 1987 година - дали Британија повторно може да се соочи со ваква бура?

фиш

Пред 30 години познатиот британски водител Мајкл Фиш, во текот на емитувањето на временските услови на Би-би-си, пред британската јавност изјави дека не постои можност за ураган, иако претходно некоја гледачка се јавила во Би-би-си и кажала дека Британија ќе се соочи со ураган.

Фиш не грешел. Ураган е име за циклон што потекнува од тропските предели. Невремето што ја зафатило Велика Британија подоцна таа вечер имало сила колку ветровите на ураганите, но станувало збор екстратропски циклон.

Прогнозата на Фиш е запишана во историјата. Метеорологот, кој почнал да работи во Метеоролошка канцеларија во 1962 година и се пензионирал во 2004 година, тврдел дека тој зборувал за потенцијален ураган што се предвидувало дека ќе ја погоди Флорида. Во истото емитување, тој вели дека ги предупредил Британците за прилично ветровито време. Неговата веб-страница ја има снимката од неговото „озлогласено емитување“, а тој прифатил дека инцидентот ќе биде врежан дури и на неговата надгробна плоча.

Можеби би имало поголемо предупредување за бурата, меѓутоа, медиумите тогаш се фокусирале на индустриската акција што ја осакатувала Франција. И додека имало предупредувања за ветрови во заливот Бискеј, сепак, немало многу извештаи за тоа што подготвувало времето.

До времето кога бурата била забележана од метеоролошката канцеларија, било предвидено дека ќе го следи патот до англискиот канал, меѓутоа, исклучително нискиот притисок ја направи бурата непредвидлива, така што таа наеднаш се сврти кон север над Корнвол и Девон и кон Мидлендс и Јужна Англија.

2

Ветрoвите достигнувале 160 километри на час и предизвикале оштетување од околу 1 милијарда фунти. На југоисток, каде што се случила најголемата штета, налетите од 130 километри на час биле забележани три до четири последователни часа.

Според Фиш, Метеоролошката канцеларија била критикувана поради тоа што не ја прогнозирала бурата, меѓутоа, не успеале да ја прогнозираат и другите национални служби за метеорологија. Бурата била добро предвидена во текот на минатата недела, но подоцна компјутерските предвидувања имале тенденција да се повлечат и да го променат акцентот од ветер на дожд, бидејќи било влажно, а голем дел од местата биле близу до поплава.

Бурата предизвика несреќа и трагедија, но го промени и начинот на кој ги прогнозираме временските услови и ги следиме бурите, а и начинот како се даваат предупредувањата.

Канцеларијата вовела подобрувања, вклучувајќи и опсервативно покривање на атмосферата преку океанот на југ и западно од Велика Британија - од бродови, авиони и сателити.

Во 1987 година малку податоци се добивале од сателитите, но сега поголемиот дел до 215 милијарди индивидуални временски набљудувања направени секој ден се обезбедени од сателитската мрежа, што придонесува за околу 65 отсто од моделот за прогнозирање на времето.

Како директни резултати од Големата бура, Метеоролошката канцеларија била решена да не биде фатена да не знае информации, особено за Бискејскиот залив.

„Суперкомпјутерската способност има голем напредок од 1987 година. Еден паметен телефон денес има најмалку пет пати поголема компјутерска моќ отколку нашиот суперкомпјутер од 1987 година, кој може да изврши четири милиони пресметки во секунда. Денес нашиот последен суперкомпјутер може да изврши 14.000 билиони пресметки во секунда, помагајќи да откриеме нови науки и да обезбедиме подетални предвидувања и предупредувања“, велат од канцеларијата.

Исто така, тука е и начинот на кој ги добиваме информациите. Повеќе не мораме да чекаме да завршат вестите за да го видиме времето; постојано сме поврзани. „Во 1987 година луѓето ги добивале предвидувањата за временските услови преку весници или во одредено време на телевизија или радио. Сега над 90 отсто од возрасните ја гледаат временската прогноза преку социјални медиуми, веб-страници или мобилни апликации. Прогнозата сега е достапна секогаш кога сакате и за неколку секунди можете да пристапите до информации за времето“, вели метеорологот од канцеларијата и презентер Алекс Декин.

Што значи дека сме многу повеќе подготвени, а и властите.

Во случај да се прашувате зошто Големата бура од 1987 година немала име, како што имаат бурите денес, тоа е нов развој што првпат бил воведен во 2015 година. „Оваа пилот-шема беше добро прифатена од јавноста, подигнувајќи ја свеста за тешките временски услови и помагање за потенцирање на потенцијалните опасности и влијанија на бурите“, вели Метеоролошката канцеларија.

Дали Големата бура е достојна за своето апокалиптично име? Се смета дека станува збор за најлошата бура од последната што се случила во 1703 година.

„Не можеме да кажеме дека нема да бидеме сведоци на друга бура како таа од 1987 година, но можеме подобро да ги предвидиме и да ги предупредиме жителите за тешките временски услови, помагајќи да ги минимизираме влијанијата од работење со нашите партнери“, велат од канцеларијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот