X
 17.10.2017 Наука

Колку и да знаеме за светот, сѐ уште постојат темни места за кои не сме слушнале

мапа
„Energy Flux“, фото: Alistair Bonnett

Во 2017 година, во ерата на сателити, податоци и дигитални мапи што веднаш се појавуваат на вашите телефони, имаме чувство како да го познаваме секој агол на светот. Но „Нови гледишта“, нов атлас од Аластаир Бонет, професор по социјална географија на Универзитетот „Њукасл“, е полн со информации за оваа планета: нејзините шуми и подземни кабли; нејзиниот воздушен сообраќај, мигрантите и среќата; цените на оружјето и нападите на астероидите. Оваа колекција од 50 уникатни светски мапи има цел да нѐ натера повторно да погледнеме во светот што мислиме дека го знаеме.

Меѓутоа, во оваа импресивна колекција на знаење постојат темни точки. Атласот ги открива помалку поврзаните и познати делови од светот - неприкажаните делови на океанот, местата каде што нафтата и електричната енергија се помалку достапни и регионите отсечени од градовите. Дури и во овој пренатрупан, квантифициран свет, сѐ уште постојат места тешко пристапни за луѓето.

2
„Remoteness from City“, фото:Alistair Bonnett

На пример, на картата „Оддалеченост од градовите“, темните точки прикажуваат неколку места во светот каде што сè уште се потребни денови за да се стигне до најблискиот град. Повеќето од темните точки се места каде што живеат многу малку луѓе или воопшто не живеат - пустини, ледена земја и длабоки шуми. На некои места, особено Хималаите и тибетските висорамнини и делови од Индонезија, постои значајно население што живее одделено од урбаниот свет.

Мапата најгоре ги претставува гасоводните и нафтените цевки со жолти линии и преносот на електрична енергија со бели линии. Според информациите што ги добил Бонет, светот потрошил околу 100 билиони долари во минатиот век за да создаде енергетска инфраструктура, и гледајќи ја оваа мапа, може да се види каде заминале парите.

2
„Unknown Oceans“, фото:Alistair Bonnett

Океанот претставува друга приказна. Оваа мапа, наречена „Непознати океани“, претставува еден од најголемите напори да се соберат информации за нашиот свет прекриен со вода. Постојат околу 250.000 морски суштества познати на науката, а се проценува дека постојат уште 750.000 што науката не ги знае и чекаат да бидат пронајдени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука