Играта „Предизвик од 48 часа“ кружи низ „Фејсбук“ и ги наведува децата да бегаат од дома и да исчезнат во период од два дена.
Децата кои исчезнуваат во новиот предизвик добиваат бодови за секоја објава за исчезнувањето на социјалните мрежи. Оваа опасна игра е копија на „Предизвик од 72 часа“, игра што беше популарна низ западна Европа пред неколку години.
Една мајка од Ирска изјави дека нејзиното семејство преживеало огромна нервоза и стрес поради оваа болна игра. Нејзиното дете и неколку другарчиња избегале од дома и биле пронајдени дури после 55 часа.
„Се преплашив, мислев дека се мртви или дека некој ќе ги силува, убие или продаде како бело робје. Но децата мислат дека тоа е смешно. Во ниту еден момент не видов каење кај нив, па дури и се фотографираа во полицискиот автомобил и објавуваа селфи фотографии на
социјалните мрежи“, вели таа.
„Беше застрашувачки, но моето 14 годишно дете не го сфаќа тоа. Потребно е да се свестат, но се плашам што би можело да ги свести“, додава таа.