X
 19.10.2017 Наука

Една грешка што ја направил Ајнштајн подоцна се покажала како корисна

Сите сме се соочиле со следнава ситуација: решавате одреден проблем, потоа повторно се преиспитувате себеси, за подоцна да сфатите дека ако се водевте по првиот начин, целата работа ќе беше подобро сработена. Алберт Ајнштајн исто така го имал овој момент. Неговата генерална Теорија за релативноста била клучна за нашето разбирање на универзумот, но неговите равенки предвиделе нешто што тој мислел дека не може да биде точно. Па ги променил. Изгледа дека неговите оригинални равенки биле точни, но и она што го сработил дополнително исто така се покажало како корисно.


Ајнштајн ја објавил Теоријата за релативноста во 1915 година – дека просторот и времето не се апсолутни, туку флексибилни, зависат едно од друго и се под влијание на присуството на материјата. Во срцето на ова ремек-дело се наоѓаат познатите равенки. Ја објаснуваат врската помеѓу искривувањето на вселенското време и количината на материја и енергија кои се движат во близина.

Кога Ајнштајн ги применил овие равенки за целиот универзум, нешто не било во ред. Тие предвиделе дека универзумот или се проширува или се намалува. Но, тој и сите други знаеле дека живеат во статичен, непроменлив универзум. Неговата равенка морало да биде погрешна. За да ја поправи, додал симбол „Λ“ познат како космолошка константа. Ефективно поставил граница за тоа колку универзумот може да се промени со балансирање на неговите сили.

Во 1929 година Едвин Хабл најавил дека неговата студија за ближните галаксии покажува дека универзумот всушност се проширува. Во тој момент Ајштајн велел дека додавањето на космолошката константа била негова голема грешка и се кае за тоа.

Но, не било сѐ изгубено. Физичарите не ја отфрлиле космолошката константа, само ја пренасочиле. Вредноста што ја дава равенката на Ајнштајн со космолошката константа направила да се покаже дека универзумот ниту се проширува ниту се намалува. Но, со промена на таа вредност може да се покаже дека универзумот повторно ја менува големината. Денес, космолошката константа ја опишува енергетската густина на празниот простор или силата која предизвикува универзумот да се проширува. Уште не знаеме каква сила е, ниту пак дали проширувањето на универзумот се забрзува. Но, на патот за разбирање на овие мистерии космолошката константа е секако тука да помогне, токму поради тоа што ја додал Алберт Ајнштајн.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука