X
 20.10.2017 Образование

Десет македонски студенти добија целосни стипендии за мастер студии во Франција

Годинава, доделени се вкупно десет стипендии од оваа редовна програма. Десет македонски студенти ја имаат можноста во оваа учебна година да студираат со стипендија од француската влада на различни универзитети и на француските специјализирани, елитни високи школи. Се работи за студии на ниво Мастер во различни области и специјализации од општествени, природни и технички науки.



Стипендијата е целосна и ги покрива трошоците за школарина, студентско здравствено осигурување, секојдневни животни трошоци. Стипендистите добиваат и дополнителни средства за купување книги, компјутери и друг неопходен материјал за нивното студирање, како и предност при сместување во студентски дом. Освен тоа, самиот статус на стипендист на француска влада им овозможува да имаат и други бенефиции.

Одделот за високо образование Кампус Франс при Францускиот институт во Скопје, традиционално секоја година организира Саем на студии во Франција.
Годинава, саемот за студии во Франција ќе се одржи в четврток, 26 октомври 2017, од 11:00 до 16:00 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје.
На настанот ќе земат учество претставници од француски универзитети и алумни, кои ќе ги споделат искуствата од нивните студии во Франција. На саемот, посетителите ќе можат да добијат конкретни информации за студирање во Франција, за студентскиот живот, процедурите за упис и за можностите за добивање стипендија.

Инаку, француската Влада, преку Амбасадата на Франција, секоја година доделува одреден број стипендии за македонските студенти за постдипломски студии во Франција.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование