X
 22.10.2017 Култура

Џон Сноу сега знае сѐ - вклучувајќи го и крајот на „Игра на троновите“

џон

Популарниот актер Кит Харингтон призна дека заплакал додека го читал сценариото за последната епизода од „Игра на троновите“.

Харингтон, кој во серијата го глуми Џон Сноу, вели дека знае сè во врска со крајот на популарната серија.

„Плачев на крај. Морате да имате во предвид дека после осум години, ние актерите најмногу се грижиме за серијата. Станува збор за институција постара од било која институција на која некогаш сум припаѓал: училиште, драмска секција на училиште, било што“, вели тој.

Харингтон вели дека му е жал кога ќе се сети дека серијата наскоро ќе заврши.

„Ќе биде чудно да се збогувам од сите. Не само што сме сите поврзани со колегите и серијата - на многу луѓе ширум светот, „Игра на троновите“ во текот на овие години им прирасна за срце“, објаснува Џон Сноу.

Сепак, актерот со нетрпение ги очекува новите проекти.

„Ќе биде ослободително искуство - ќе бидам слободен година дена. Има многу работи што не можете да ги направите. Со нетрпение го очекувам крајот, осум години е прилично долг период. Не би сакал да трае подолго. Имам многу други планови, би сакал да се реализирам и како продуцент“, заклучува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура