X
 23.10.2017 Живот

Кој би можел да биде следниот лидер на Кина во наредните 5 години?

kina

Во најнаселената нација во светот, седум мажи седат на чело на 1,4 милијарди луѓе. Тие се членови на Постојаниот комитет на Политбирото на владејачката комунистичка партија, највисоко тело за донесување одлуки во еднопартиски политички систем.

Новата постава на моќната комисија ќе биде откриена следната недела на крајот од Националниот конгрес на Комунистичката партија, што се одржува двапати во десет години соо очекувана голема реконструкција на лидерството.

Кинеската политика денес е нејасна исто како што била за време на владеењето на Мао. Некои аналитичари предвидуваат деветчлена постојана комисија, додека други сметаат дека е можно да се случат елиминации во корист на претседателот Кси Џинпинг, кој претседава со Политбирото од 25 члена.

Во трката, постојат сигурни залози - и секако, неочекувани кандидати. Ова се некои од кандидатите - еден од нив ќе владее со Кина во наредните пет години.

Кси Џинпинг

Кинескиот претседател, чија вистинска моќ е вкоренета во неговата позиција како шеф на силната Комунистичка партија, е тука да остане. Бидејќи тој ја презел партијата на последниот национален конгрес во 2012 година, Кси го заострил неговото владеење над земјата, претседавајќи со бројни супер-комисии што ги создал за да преземе одговорност и за домашната и за надворешната политика.

Иако кинескиот устав го ограничува претседателот на два петгодишни мандати, не постои ограничување за шеф на партијата. Засега, Кси се очекува да излезе посилно од било кога.

Ли Кекианг

Кинескиот лидер број 2, кој раководи со секојдневните операции на владата, технички е задолжен за втората по големина економија во светот, меѓутоа одамна е засенет од неговиот доминантен и сеприсутен шеф.

Обучениот економист Ли, често се смета за реформатор и припаѓа на таканаречената фракција на Комунистичката младинска лига под покровителство на претходникот на Кси, поранешниот претседател Ху Џинтао.

Чен Минер


Политичката ѕвезда во подем е член на таканаречената Џијанг нова армија, група на штитеници на Кси во времето кога тој бил партиски шеф на источната провинција Жеџијанг во 2000. Чен работел заедно со Кси во провинцијата со години. Исто така, 57 годишниот политичар бил врховен функционер во сиромашната југозападна провинција Гуичжоу. Во јули тој бил именуван за шеф на партијата во Чонгкинг по изненадувачкиот пропаст на Сн Женгаи.

Хан Зенг

Шефот на Шангајската партија е последниот преживеан во кинеската политика, служејќи под повеќе шефови од ривалски фракции, вклучувајќи го и самиот Кси. Хан бил долгогодишен градоначалник на Шанга, а својата кариера во голема мера ја насочувал кон растење на економијата на градот и враќање на неговата поранешна слава како глобален финансиски центар.

И покрај тоа што честопати се наведува како член на таканаречената Шангајска клика, предводена од поранешниот претседател Џијанг Цемин, Хан ја добил довербата на Кси во текот на краткиот период од седум месеци во кој и двајцата работеле заедно во градот.

Ху Чунхуа

И покрај семејното презиме, партискиот шеф на просперитетната провинција Гуангдонг нема врска со поранешниот претседател Ху Џинтао. Сепак, тој се смета за член на фракцијата на Ху Џинтао, а неговата кариера дури е и слична на онаа на постариот Ху. Ху, бил еден од најмладите провинциски лидери во Кина, а се шпекулирало дека е потенцијален наследник на Кси во наредната деценија.

Ли Заншу

Десната рака на Кси зазема позиција која често се споредува со шефот на кабинетот на Белата куќа. Двајцата соработувале кога биле млади партиски функционери во соседните рурални земји во провинцијата Хебеи во раните 1980-ти, според нивните официјални биографии.

Откако служел во неколку главни провинциски позиции, вклучувајќи и шеф на партијата во провинцијата Гуичжоу, Ли бил избран од Кси да управува со неговата канцеларија кратко време пред лидерот да ја преземе власта кон крајот на 2012 година.

Ванг Хунинг

Неговата политичка долговечност се смета за доказ за неговата неопходна улога како главен стратег на Џонганај, силно чувано кинеско раководство во централен Пекинг, што е кинески еквивалент на Белата куќа.

Откако служел под тројца претседатели, овој професор кој подоцна запливал во политичките води, е познат по својот талент за претворање на идеите на кинескиот лидер во методички мисли и теории.

Ванг Јанг

Овој кинески заменик-премиер често се гледа како личност што одлично ги спроведува реформите. Откако работел под двајца поранешни премиери што се сметале за реформатори, Ванг за брзо време се искачил на висока позиција во времето на Ху Џинтао и станал врховен функционер во Чонгкинг, а потоа и во Гуангдонг.

Откако се приклучил на кабинетот, Ванг претседавал во неколку рунди кинеско-американски разговори за економски и трговски прашања.

Жао Леџи


Политичар што се наоѓа „под-радарот“, ја има моќта на партијата. Како шеф на одделот за организација, Жао е задолжен за кадровски прашања, го надгледува вработувањето и отпуштањето како и промовирањето и деградирањето на повеќето кинески функционери.

Жао работел во својата покраина речиси три децении, пред да биде назначен за шеф на партијата на покраината Шанкси. Тој се приклучил на Политичкиот одбор и се преселил во Пекинг пред пет години, кога Кси ја презел власта на последниот партиски конгрес.

Ванг Кишан


Страшниот кинески анти-корупциски „цар“ долго време се смета за еден од доверливите потпоручници на Кси. Во изминатите пет години, Ванг и неговиот тим фатиле повеќе од еден милион службеници, вклучувајќи и високи политичари кои често се сметале за ривали на Кси.

Поранешниот заменик премиер и градоначалник на Пекинг е познат и како економски реформатор и финансиски експерт во индустријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот