X
 29.10.2017 Технологија

Револуционерна технологија што го извлекува СО2 од воздухот веќе се користи во Швајцарија и Исланд

1
Фото: Climeworks

Електрана и објект за обновување на отпадот во Исланд и Швајцарија во овој момент го извлекуваат СО2 од воздухот и го продаваат на други бизниси. Фабриката во Исланд дури тврди дека е првата во светот со негативни емисии. И двата проекти се технологија развиена од швајцарската компанија „Клајмворкс“.

Компанијата има развиено СО2 колектори со филтер за СО2, што веќе е комерцијално распореден. „Клајмворкс“ веќе е подготвен да биде еден од комерцијалните и технолошки решенија што би можеле да ги исполнат климатските цели. Всушност, мисијата на компанијата е да фати 1 отсто од глобалните емисии во 2025 година.

4
Фото: Climeworks

Претходно оваа година, технологијата на оваа компанија за првпат беше искористена во фабрика за обновување на отпад во Швајцарија. Системот за собирање на јаглерод се напојува со отпадна топлина на фабриката и 900 тони СО2 „фатени“ годишно, се продаваат во блиската стаклена градина.

СО2 е вредно земјоделско ѓубриво што може да го зголеми растот на зеленчукот како доматите и краставиците, до 20 отсто.

Исто така, компанијата го разви „КарбФикс2“ проектот кој е во фаза на тестирање. Проектот оперми една од најголемите светски геометрални електрани во Исланд, со директен модул за фаќање на воздухот. Со фаќање на СО2 од воздухот и трајно складирање под земјата, проектот ефикасно создава решение за отстранување на јаглерод преку имитирање на природни процеси.

3
Фото: Climeworks

СО2 се собира од воздухот преку патентиран филтер. Откако филтерот ќе се наполни, се загрева со отпадна топлина од електраната и се ослободува СО2, со што се врзува со водата. Оваа вода потоа се испумпува на повеќе од 700 метри под земја, каде што формира цврсти минерали.

Технологијата може да се искористи за постигнување на негативни емисии преку складирање на собраниот СО2 под земја. Исто така, може да се користи комерцијално со продажба на извлечениот СО2 во индустријата за храна и пијалаци или производство на обновливите горива и синтетички материјали.

Сегашниот капацитет на „Клајмворкс“ е 150 СО2 колектори годишно што е еднакво на 7.500 тони СО2.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија