X
 04.11.2017 Наука

Дали Земјата ќе се соочи со 15 дена затемнување на Сонцето овој месец?

1
Фото: NASA

Низ интернетот кружат вести наводно објавени од НАСА дека 15 денови од ноември луѓето на Земјата ќе се соочат со целосно затемнување.

Дали навистина НАСА го објави ова? - Не.
Дали навистина ќе се случи? - Не.

Видеата на „Јутјуб“ сугерираат дека настанот ќе биде предизвикан од друг астрономски настан помеѓу Венера и Јупитер. Да, Венера и Јупитер, двете најсјајни планети на небото, ќе бидат поврзани источно овој месец.  Меѓутоа, погрешно е да се користи оваа врска - што се има случено безброј пати во историјата на Земјата, за да се шири измама.

Што се однесува до тоа дека НАСА објавила документ од 1.000 страници на настан во Белата куќа. Меѓутоа и ова е лага.

Размислете. Што би ѝ се случило на Земјата ако искуси 15 дена темнина? Нашиот деноноќен циклус произлегува од ротацијата на Земјата на нејзината оска околу нашата локална ѕвезда, Сонцето. Сонцето сјае на половина од Земјата во дел од својот 24-часовен период; тоа е денот. Ноќното време истовремено се појавува на спротивната страна на Земјата.

За целата Земја да помине 15 дена во темнина, ќе биде потребно нешто целосно да го прекрие Сонцето.

Сите овие сценарија се неверојатни до точка на неразумни, кога ќе размислите за големината на нашето Сонце. Затоа досега, во историјата на човештвото не се случило ниту еднаш.

Истата лажна вест кружеше и во 2011 година, кога кометата Еленин требаше да помине помеѓу нас и Сонцето и да предизвика „три дена темнина“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука