X
 06.11.2017 Образование

Наставнички пленум: Платите на наставниците се најниски во регионот, зголемување за пет проценти не е доволно



Наставничкиот пленум не е задоволен од најавите за зголемување на платите на наставниците за пет проценти објавени во Предлог-буџетот за 2018 година.
Посочуваат дека платите на просветните работници во Македонија се меѓу најниските во регионот, а наставниците, за разлика од административците, не добиваат цел куп поволности.
- Наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа која неретко се одвива и за време на викенд, па оттука највеното зголемување за 5 проценти ниту ќе придонесе за поголема мотивираност на наставниците, а со тоа и подобрување на квалитетот на наставниот процес, ниту суштински ќе го подобри животниот стандард на таргетираните – пишува во соопштението на Наставничкиот пленум.
Тие ја советуваат Владата, ако буџетот е празен, мерките за штедење да се остварат преку редукција на гломазната администрација во сектори каде реално нема потреба од толкав број административци, а не преку грбот на секторот образование каде училиштата сѐ уште сe соочуваат со недостаток на стручни кадри: педагози, психолози, дефектолози и други стручни лица. - Во знак на солидарност, доколку во Буџетот нема средства за соодветно вреднување на трудот на наставниците, ќе се откажеме од покачувањето од 5 отсто, а тие средства да се насочат кон реални социјални програми – соопшти Наставничкиот пленум.
Подготвил: M.A.M

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование