Фото: YinYang
За сите оние што сакаат да им биде платено седењето на плажа, додека пијат пиња колада и постираат на социјалните медиуми, денес може да биде вашиот среќен ден.
Веб-страницата Cancun.com, посветена на резервирањето одмор во Канкун, минатата недела објави дека бараат „искусен офицер во Канкун“ за да биде лицето на брендот и на новоотворената веб-страница. За оваа работна позиција, тие се подготвени да платат 60.000 долари за шестмесечна „работа“.
Кои се должностите што ги налага работната позиција? Лежење на плажа и споделување на искуствата преку социјалните медиуми и видеа. Новиот работник ќе добива плата од 10.000 долари месечно и ќе добива ВИП-пристап до клубови и активности, а ќе му бидат намирени сите трошоци за живеење.
„Едвај чекаме да ја избереме личноста што ќе биде лице на брендот и на Канкун. Добивањето плата за живот и патување околу Мексико е ретко животно искуство. Мексико е една од најзначајните туристички дестинации и сакаме да бидеме сигурни дека сме ја пронашле вистинската личност која ќе ни помогне да му покажеме на светот што нуди Канкун, од култура и заедница до неговите прекрасни хотели и чисти плажи“, пишува во соопштението.
Cancun.com постира и опис на работната позиција - должности како спиење на луксузни кревети, гледање во чисти плажи, пливање со ајкули и уживање во најдобрата работа на планетата.
За да аплицирате, мора да испратите едноминутно видео
TУКА, во кое опишувате зошто баш вас треба да ве вработат. Крајниот рок за пријавување е 17 декември.