X
 16.11.2017 Живот

Што се случува кога на луѓето ќе им дадете пари без ништо за возврат - експеримент за доделување приходи во Кенија

Организацијата „Гив дајректли“, која финансира директни трансфери на готовина во сиромашни села во Источна Африка уште од 2008 година, најавила дека го лансира експериментот на најголемиот универзален основен приход во историјата.

фото извор: Flickr

Од 13 ноември 40 села (со околу 6.000 луѓе) ќе добиваат по околу 22,50 долари месечно во наредните 12 години. Истовремено 80 различни села ќе го добијат истиот износ за само 2 години, други 80 ќе добијат сума еднаква на двегодишниот износ, а 100 села нема да добијат пари. Студијата ќе собере податоци за тоа што се случува кога на луѓето им се даваат пари без ништо за возврат. Ќе помогне во одговарање на прашањата како: „Дали луѓето престануваат да работаат?“ „Дали започнуваат бизниси?“ „Дали ќе ги трошат парите на дрога и алкохол или на образование?“

Исто така, со студијата ќе се собираат податоци за да се открие дали дадената финансиска сигурност ќе ги намали негативните аспекти на сиромаштијата, како што се насилството и кражбите.

Основниот приход е толку нов што истражувачите уште треба да собираат податоци за системот во светот во развој. Други експерименти се спроведуваат за да се адресира таа празнина.

Во Оукленд, Калифорнија, компанијата „И Комбинатор“ неодамна заврши со пилот-студија преку која одредени луѓе примиле од 1.000 до 2.000 долари месечно. Сега компанијата се подготвува за лансирање поголема студија во текот на летниот период во 2018 година, во две држави.

Резултатите од сите овие подвизи се очекуваат за година-две, па потоа и уште една цела деценија учење за тоа како да се следат и да се подобрат заедниците. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот