X
 18.11.2017 Живот

Мапа на земји со најголем и најмал број на терористички напади


Мапа на земји со наголем/најмал број терористички напади
(Фото: Facebook)


Податоците од Глобалниот индекс на тероризмот, кој го издава австралискиот Институт за економија и мир, покажуваат дека бројот на смртни случаи предизвикани од тероризам се намалил за 22 проценти годинава во споредба со 2014.

Од друга страна, се зголемил бројот на напади во развиените земји – 67%. Иако дури во 79 земји е намалено влијанието на тероризмот, на севкупно ниво ситуацијата сè уште е сериозна. Случувањата во земјите како Ирак, Јужен Судан, Турција и Етиопија придонесуваат индексот да се зголемува.

Состојбата на секоја земја, кога станува збор за тероризам, се одредува врз база на четири фактори:

1.    Вкупниот број терористички напади во текот на годината.
2.    Вкупниот број смртни случаи што се предизвикани од тероризам во 2017 година.
3.    Вкупниот број повредени од терористички напади оваа година.
4.    Процена на вкупната штета од терористичките напади.

Мапата покажува дека земјите со најголем број терористички напади се сместени на африканскиот континент и на Блискиот Исток.

Петнаесетте најзагрозени земји се Ирак, Авганистан, Нигерија, Сирија, Пакистан, Јемен, Сомалија, Индија, Турција, Либија, Египет, Филипини, Конго, Јужен Судан и Камерун.

Последните десет напади се случиле на територијата на Сирија, Ирак, Јужен Судан и Авганистан, а дури седум од нив се случиле во Ирак, пишува Инди 100.

Нашиот регион е во регионите со најмал ризик од терористички напади.


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот