X
 18.11.2017 Наука

НАСА објави неверојатни фотографии од ледениот мраз што се оддели од Антарктикот

nasa
Фото: NASA

Научниците на НАСА успеале да направат фотографии од мразот што во јули се оддели од еден од најголемите ледени брегови на Антарктикот.

Самиот леден брег е еден од најголемите што се одделиле во историјата, со големина колку Делавер.

„Бев шокиран од глетката“, вели Натан Курц, научник од „Операција Ајсбриџ“.

Сателитските снимки во јули го покажале ледениот брег долг 5.700 квадратни километри како плови далеку од „Ларсен К“.
Научниците претпоставуваат дека ледениот брег познат како А-68 ќе се пробие низ поголемите ледени гребени. Ледените гребени се големи, дебели, пловечки екстензии на глечерите. Тие одамна го опкружуваат континентот на Антарктикот, но сега се ранливи поради зголемувањето на температурите на воздухот и на океанските води, што може да предизвика нивно намалување или колапс. Со тоа се ослободува мразот зад нив и оди директно во водата, со што се зголемува нивото на морето.

Научниците од „Операција Ајсбриџ“ ќе собираат податоци до крајот на месецот за да ги следат промените во ледената покриеност на Антарктикот и да можат подобро да разберат како ледените гребени и океанот комуницираат и каков ефект овие интеракции можат да имаат врз климатските промени.

„Ќе биде тешко да се предвиди напредокот на ледениот брег“, вели Адријан Лукман, водечки истражувач и научник за Антарктикот во Универзитетот во Свонси.

Може да остане едно парче, меѓутоа, поголема е веројатноста да се скрши на делови. Дел од мразот може да остане во иста област со децении, додека другите делови можат да лебдат северно во потоплите води.

Промената е доволно голема за да предизвика прецртување на крајбрежјето на Антарктикот. Гребенот „Ларсе“ претходно бил четврти по големина од ваков вид, но сега е петти или шести.

И поголеми ледени брегови во минатото се одделиле, вклучувајќи и леден брег со површина од 10.360 квадратни километри, а „Ларсен К“ изгубил поголемо парче во 1986 година, меѓутоа, во сосема различни околности. Гребенот значително бил зголемен и се проширил. Ова одделување е различно бидејќи гребенот сега е многу помал.

Постои сомнеж за тоа дали одделувањето на ледениот брег е предизвикано од климатските промени. Научниците ги немаат сите податоци што им се потребни за да покажат што се случува во околината на „Ларсен К“, врз кој влијаат не само температурите и воздухот над него, туку и океанските температури под него.

„За мене, нема сомнеж дека овој настан не е дел од природен циклус“, вели Ерик Рињот, истражувач од НАСА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука