X
 19.11.2017 Култура

„Индикатор за доверба“ во борбата против лажните вести на „Фејсбук“


„Фејсбук“ апликација
(Фото: Getty images)


Откако минатата година се појави кризата со лажните вести, „Фејсбук“ најави повеќе иницијативи за промоција на автентично авторско новинарство. Оваа компанија само што го објави последниот потег во таа насока.

„Фејсбук“ воведе „индикатор на доверба“, односно, trust indicator, иконче на кое можете да кликнете за да дознаете повеќе за авторот на текстот или за издавачот што го објавил написот кој се споделува на таа социјална мрежа.

„Индикаторите за доверба“, кои корисниците ќе можат да ги гледаат „прикачени“ за текстовите што ќе се споделуваат на „Фејсбук“, ќе нудат информации за издавачката политика, етичкиот став, проверката на информацијата, корекциите во текстот, како и за сопственичката структура на издавачот, пренесува The Verge.

Засега „индикаторот за доверба“ почна да се применува на „Фејсбук“ во соработка со помал број издавачи, но секако се планира со текот на времето нивниот број да се зголемува.

„Веруваме дека пристапот до информациите што нудат поширок контекст на содржината која се споделува ќе им овозможува на корисниците подобро да го вреднуваат написот на издавачот или авторот на кој му веруваат, и да бидат сигурни дека самата приказна е доволно веродостојна“, стои во соопштението на „Фејсбук“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура