Фото: Printscreen/YouTube
На „Јутјуб“ постои видеосерија каде што можете да гледате како тројца атрактивни млади луѓе консумираат дроги како екстази, спид, LSD - и какво дејство имаат овие дроги врз нив. Всушност, станува збор за серија спонзорирана од владата на Холандија.
Јутјуб-каналот се вика „Drugslab“ и има повеќе од половина милион претплатници. Нели Бенер, Ренс Полман и Бастијан Розман изведуваат тестови со дрога што ја предлагаат јутјуб-корисниците во коментарите под видеата.
Целта на „Drugslab“ е да обезбеди едукација за дрогата прикажувајќи вистински искуства при користењето супстанции.
„Се обидуваме да направиме видеа што се лесни за гледање, забавни, но и со многу сериозна нота“, вели Бенер. „За младите луѓе што сакаат да експериментираат, но исто така и за родителите кои сакаат да знаат што може да пробаат нивните деца“, вели Бенер.
„Drugslab“ изгледа како училница за хемија, опремена со лабораториска клупа, чаши и табла.
Фото: Printscreen/Youtube
Јутјуб-каналот бил основан во март 2017 година како спин-оф на серијалот „Spuiten & Sliken“, едукативни емисии посветени на дрогата и сексот. Една година подоцна „Drugslab“ има повеќе од милион претплатници, а нивните видеа се прегледани повеќе од 24 милиони пати.
„Не се надевавме на толку голема публика. Добиваме многу коментари и пораки, речиси сите се ентузијастични, но го почитуваме и мислењето на оние што сметаат дека претеруваме. На крајот на краиштата, дрогирањето во голем број земји е табу. Затоа со задоволство одговараме на сите прашања поврзани со серијалот“, вели Максим ван де Гроеп, менаџер на комуникации и портпарол на „Drugslab“.
Многу експерти за намалување на штетата од дрогата се согласуваат дека „Drugslab“ и неговиот формат имаат позитивна страна - ги предизвикуваат нашите претпоставки за тоа кој се дрогира и како луѓето изгледаат под влијание на одредени супстанции.
Џонс вели дека „Drugslab“ е добра алатка, но со граници. Но, ако би била произведена во Америка, сите работи поврзани со неа би требало да бидат повнимателно направени.
Оние што работат на намалување на штетите и едукација за дрогата не се секогаш загрижени дали гледачите ќе бидат под влијание за да пробаат дрога - нивниот проблем е тоа што шоуто не прави доволно за да ги собори главните ставови за употребата на супстанции, ниту правилно ги адресира лековите што се најмногу стигматизирани. На пример, јутјуб-коментаторите често бараат хероин и метамфетамин, но Бенер, Полман и Розман се јасни дека нема да користат супстанции од кои би можеле да станат зависни и по едно пробување.
Како и секс-образованието за апстиненција, традиционалниот пристап до образованието за дрогата и политиката за дрогата ги оставаат оние што се заинтересирани за експериментирање неинформирани и ранливи. И покрај тоа што водителите на „Drugslab“ всушност не користат хероин или мет, адресирањето на фактите околу силно стигматизираните дроги, во најмала рака, покажува дека практиката на намалување на
штетата постои и е важна за секоја супстанција.