X
 28.11.2017 Издвојуваме

Зошто се важни правните консултанти за раст, одржливост и сигурност на бизнисите?

Пенка Мукаетова, основач и генерален менаџер на КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП, ја објаснува важноста на правниот консултант за развојот, одржливоста и сигурноста на еден бизнис.

Искуството од работата со странски компании ми покажа дека пред секое нивно дејствие и активност тие нé ангажираат како консултанти. Оттаму идејата преку мојата консултантска компанија КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП ваквата навика да ја пренесам и кај македонските бизниси, да ја зголемам нивната свест за тоа дека правниот консултант е клучен елемент во успехот на секој бизнис и дека секогаш е подобро да се превенира, отколку да се санира проблемот кој би настанал доколку не се примени вистинскиот правен совет.

Годините на успешно работење и градење голема мрежа на клиенти, соработници и пријатели ни помогнаа да прераснеме во компанија која е синоним за квалитетна правна услуга.



КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП како комплетен правен сервис на клиентите им нуди отворена листа на услуги која постојано се проширува во согласност со потребите на клиентите. Нашите услуги примерно се состојат од: основање и статусни промени на компании, изработка на бизнис планови, консултации и советување в.в. постапки за јавни набавки, правен и економски due diligence, истражување на инвестициски можности, алтернативно решавање на спорови преку медијација, повраток на средства од надоместок за патишта, заштита на интелектуална сопственост, советодавни решенија при влегување во договорни односи, посредување помеѓу клиентите и институциите и државните органи.

Ваквата широка поставеност на услугите кои ги нудиме нé става во позиција како правни конуслтанти да можеме да дејствуваме во секоја фаза од развојот на еден бизнис. Им помагаме на компаниите на лесен начин да се соочат со сите ризици, дилеми, предизвици, несигурности, да го осмислат своето функционирање, и да ја утврдат најдобрата позиција која треба да ја заземат во односите во кои влегуваат.
КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП претставува и акредитиран центар за професионално усовршување и преку обуките кои ги организираме целото наше знаење и искуство го пренесуваме на постојните и идните претприемачи.



Проектите во кои се вклучуваме се од сé поголем обем. Па така, и како консултанти на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Европската Банка за обнова и развој (EBDR), работиме на проекти кои ќе ни помогнат да направиме уште поголем импакт во нашето општество.
Би сакала да истакнам дека најголема мотивација за мене е мојот тим. Заедно успеавме да креираме компанија која покрај својата основна дејност, иствремено претставува и платформа за промоција и поддршка на женското и социјалното претприемништво; центар за соработка со универзитети и организации кои претендираат да дадaт сопствен придонес во развојот на младата претприемачка мисла. Исклучително сум горда на сите кои работат со мене на проектите кои ги преземаме, се радувам на секојдневните успеси и со задоволство ги очекувам идните предизвици.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Издвојуваме