
Фото: Screengrab
Луѓето што седат во возовите, автобусите и метроата и гледаат во својот паметен телефон треба да имаат предвид дека личноста зад нив може да види што прават на телефонот.
За среќа, софтверот е подобрен за да може да се справи и со ова. На 6 декември, на конференцијата за процесирање информации во Лонг Бич, Калифорнија, ќе биде претставен проект што ќе ги предупреди корисниците на паметни телефони дека зад нив се наоѓа шпион што им „ѕирка“ во телефонот.
Истражувачите на „Гугл“, Хи Хен Рау и Флоријан Шроф, ќе го претстават нивниот електронски заштитник на екранот.
„Гугл пиксел“ телефонот ќе ја искористи неговата предна камера, а вештачката интелигенција за откривање очи ќе ги „фати“ луѓето што гледаат во нечиј екран.
Демонстрацијата на „Јутјуб“ покажа дека софтверот ја прекинува апликацијата за пораки за да прикаже камера и со неа да го идентификува шпионот.